Новинарот Васко Ефтов, на својот профил на социјалните мрежи објави старо интервју со поранешниот Премиер и лидер на ВМРО-ДПМНе, Љубчо Георгиевски и го нарече едно од најконтроверзните и најгледани негови интервјуа.
Во него Георгиевски како и многу пати претходно предвидува некои настани, кои по многу години навистина се случуваат, а тој во моментот на соппштување на неговите размислувања е остро напаѓан од колегите политичари и јавноста.
На крајот од интервјуто, Васко Ефтов го прашува Георгиевски дали мирно ќе спие, по сите ставови изнесени во емисијата, а најмногу поради неговите тези за Гоце Делчев и многу друго.
Разговорот е воден некаде пред десетина години, а ставовите и тезите на Георгиевски се обистинуваат токму овие месеци. Погледнете го интервјуто:
https://youtu.be/3jdn2k-mo-0