Екс премиерот на Македонија Љубчо Георгиевски упати интересни коментари на профилот на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
– Господине Ковачев после ветото на Франција ќе успеавте ли да разберете каков прекрасен автогол си даде бугарската политика. Одговорете само со ДА или НЕ.
Ова прашање го постави Љубчо Георгиевски, откако претходно беше запрашан од Ковачев дали Гоце Делчев е бугарин, а на кое прашање бараше од Георгиевски да одговори само со „ДА“ или „НЕ“.
– Веднаш одговарам: НЕ. Јас ви одговорив коректно на вашето прашање! Вие, не само што не одговарате, туку се обидувате и да не убедувате. Колку жално, да ви е страв да напишате ДА или НЕ!
На ова не молчеше и Георгиевски кој упати жесток коментар на профилот на Ковачев кој гласи вака:
– Анализирај си го сопствениот речник спрема мене. Господине Ковачев јавно ме прашувате за мојата позиција за бугарскиот ултиматум. Јавно ви одговарам, види го првиот пост. Вие ништо не коментирате за мојот став а ми поставувате прашање за Гоце и тоа на детски начин. Потоа пишувате дека сум малоумен оти не ви одговарам. Андреј 30 години пишувам блиската историја на двата народи и за тоа не си ми потребен ти. Ако не ги знаеш моите позиции за историјата, ти ја имаш промашено политиката. Андреј ти си одличен пример зошто се има појавено македонската нација. И уште еднаш – последната резолуција е политички автогол, стои во коментарот на Георгиевски.