Червар пак грми: Македонците ми дадоа и државјанство како благодарност, а сега ме оштетија

Лино Червар
Прочитај за: < 1 минута

Екс тренерот на Металург и натаму верува дека македонската судиска двојка е виновна што неговите играчи не го освоија златото на ЕП.

Хрватскиот селектор никако да се помири со сребрениот медал кој го освои неговата репрезентација на Европското првенство 2020.

Лино Червар знаеше дека дуелот против Шпанците беше најдобра можност за првпат во својата историја Хрватите конечно да се закитат и со златен медал од еврошампионатите, но тоа и годинава не се случи.

Големото финале го судеше најдобрата македонска судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, а според Хрватите тие се „виновниците“ што не успеаја да го освојат ЕП.

– Сакам да останам во ракометот, а во него сум повеќе од 45 години. Во три држави, Хрватска, Италија и Македонија ги добив најголемите државни признанија. Македонците ми дадоа и државјанство како благодарност за сè што направив за нивниот ракомет, но ете сега ме оштетија во финалето. Ракометот е мој живот, останувам во него, но сакам да работам во своја визија. Што се однесува до тренирање, никогаш нема да кажам никогаш. Па, големиот кошаркарски тренер Грег Попович со 70 години потпиша нов договор – беа зборовите на Червар во интервјуто за „24.sata.hr“

Хрватска го освои својот трет сребрен медал од континенталните собири, а Шпанците дојде до второто злато. На оваа листа води Шведска со четири, пред Франција со три златни медали.

SHARE