Државното финансирање на политичките партии има клучна улога во одржување на каков таков политички плурализам.
Иако сегашниот модел, на малите политички партии им носи најмал процент од финансиите, сепак, тоа има и далеку поголемо влијание врз нивната можност да учествуваат и да се борат во политичкиот систем, односно да ги претставуваат интересите на нивните гласачи, истакнуваат за Плусинфо од партијата Левица.
– Според последните измени на Законот за финансирање на политичките партии од 25.07.2018 кои ги направи владата на СДСМ, каде наместо 0,06 отсто, беше сменето во насока политичките партии да добиваат 0,15 отсто од буџетот, што во контекст на општата социјална состојба на државата, сумата која се одвојува за оваа намена ја прави неоправдана. Но, непотребно трошење на државниот буџет е главна карактеристика на нашиот политички систем. Сумите кои се трошат за плати, придонеси и службени трошоци како и обезбедувањето на разни привилегии, карактеристични за естаблишментот, како и трошоците кои ги прават одвишните министерства и еден куп разни управи, агенции, дирекции, инспекторати, комисии, заводи, бироа, центри, служби, установи, како органи во состав на министерствата, се многу поголеми од оваа сума која се одвојува за политичките партии – велат од партијата.
И токму државното финансирање, наведуваат оттаму, има многу поголема важност за опстојувањето на оние партии кои намерно избегнуваат финансирање од крупен капитал и приватни донатори заради обезбедување политичка независност.
Повеќе >> Плус Инфо