Периодов зачестено може да се видат спонзорирани реклами на социјалната мрежа „Фејсбук“ преку кои се врши промоција на фејсбук страните на два профили Драган П. Латас и Саши Мијалков кои се обидуваат да приберат што е можно повеќе следбеници.
Заедничко за овие ликови е дека во јавноста беа презентирани од тогашната опозиција, сега власт, со објава на нелегално снимени прислушувани разговори во кои Сашо Мијалков како тогашен шев на УБК му се фали на Драган П. Латас како уредник на ТВ СИТЕЛ, дека го „средил“ лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски и разговор за уредувачката политика во Сител и Канал 5.
Профилот на Драган П. Латас до сега има привлечено само 9.366 следбеници.
Додека пак профиот на Сашо Мијалков има само 7.339 следбеници
Фејсбук како социјална мрежа можеби не е репер преку кој јавноста треба да го цени авторитет на некоја личност, но кога се работи за јавни личности како што е Драган Павловиќ Латас и Сашо Мијалков кој се обидува периодов да се наметне во јавноста и со спонзорирање на нивните фејсбук страни за да соберат повеќе следбеници, споредбено со други јавни личности, особено оние кои се опозициски поставени, како Миленко Неделковски, може да се види дека нивното влијание е незначително односно не тежат ниту 20% од публиката на Миленко.