Статус на Драган Павловиќ – Латас:
“Преговори дали Илинденското востание е македонско или заедничко, дали во Втората светска војна Бугарија била фашистички окупатор или не, се спротивни на Уставот.
Дури и во новиот устав, со кој се откажавме од ОДЛИКИТЕ на АСНОМ а го ставивме само ПРОГЛАСОТ, во тој Проглас кој е дел од сегашниот Устав се е јасно напишано, и секоја одлука спротивна на тоа е противуставна:
Ова е на Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ:
Удрени се темелите на македонската федерална држава во нова демократска и федеративна Југославија На 2 август 1944 година – Илинден – се свика првото историско Антифашиско собрание на народното ослободуење на Македонија – АСНОМ. 122 полноправни представители, синови и ќерки на македонскиот народ, испитани низ маките и искушенијата на Народно-ослободителната борба, собрани на своето прво заседание во манастирот “Св.Прохор Пчински“, во присаствие на делегатите: од Врховниот Штаб на Маршал Тито, војните сојузнички мисии и на Главниот штаб на Србија, ја изразија суверената воља на својот народ и ги донесоја следните решенија:
Македонија ја прогласи за федерална држава, во нова демократска федеративна Југославија. Народното собрание се конституира во врховно законодателно и исполнително представителство на македонската федерална држава.
Се донесе декларација, со која се гарантира слобода и равноправност на секој граѓанин и граѓанка во Македонија, без разлика на вера, националност и политичка припадност, право на секој граѓанин и граѓанка над 18 години да избира и да биде избран, слобода на совеста и вероисповеданието, право на бесплатна просвета, итн.
Се формира Президиум на АСНОМ со функции на привремено народно представителство на македонската федерална држава.
Македонскиот народен јазик се воведува како службен јазик.
Илинден, 2 август, се прогласува за народен и државен празник во Македонија.
Се формира комисија за испитување војните злодејствија, направени од окупаторите и нивните слуги.
Се формира комисија за изработување законски проекти на македонската федерална држава.
Се избраја 40 представители на македонскиот народ за Антифашиското веќе на народното ослободување на Југославија и неговиот Президиум.”