Мактел дојде до годишниот финанскиски извештај на фирмата Мај Ворлд Македонија за 2017-та и 2018-та, за 2019-т ја чекаме ќе ја добиеме и неа.
Потоа истите документи ги дадовме на сметководител кој ни го растумачи извештајот и бројките во следниов текстуален извештај:
Во 2017 година имаат приходи од работењето во износ од 1.900.000 еур
Во 2018 година имаат приходи од работењето во износ од 1.050.000 еур
Значи горе доле 50% намалување на приходите.
Колку што знам, нивните приходи се од тоа што им фактурираат на фирмите
за користење на нивните пос терминали, т.е. попустите што ги даваат
клиентите. Тука дефинитнивно не спаѓаат приходите од чланарини,
облачиња, итн… ова е интересниот момент…
Вработени имаат 12 луѓе со вкупни трошоци за плата од 200.000 еур бруто,
што значи сите вработени работат за 1000 евра месечно нето. Не е многу
битен момент ама тоа се гледа од завршната.
Во 2017 имаат покажано добивка, а во 2018 загуба од 400.000 евра (како е
тоа можно).
Страна 6, ставка 60 – парични средства – имаат со 31.12.2018 пари на
сметката горе доле 9.000.000 евра (актива).
Од друга страна, страна 7 ставка 96, обврски према поврзани друштва,
10.000.000 евра.
Сите чланарини, облачиња итн… што ги плаќаат луѓето, ги книжат на оваа
ставка, обврски према поврзани друштва (значи позајмици, итн…), не ги
книжат на приходи од услуги и чланарини.
Оваа ставка 96 ти е акумулирана вредност од сите години од оснивањето на
фирмата. Значи они имаат на сметка 9м евра, и обврски 10м евра…
разликата од 1м евра е тоа што трошат за плати и други трошоци…
Со тоа што парите од чланарини, облачиња, не ги книжат како приходи,
него како обврски, не покажуваат приход, до 31.12.2018 во износ од 10м
евра, со што државата е оштетена прво за 18% ддв (1.800.000 евра) а
после тоа на крај година и за 10% данок од добивка (1.000.000 евра), или
со 31.12.2018 вкупно 2.800.000 евра.
Од една страна билдаат пари на сметката (активата), од друга страна
билдаат обврски (пасивата), обврски кои што никогаш нема да ги исплатат.
(луѓето што купуваат облачиња, претплати, итн… и не знаат дека со овој
начин на книжење може и да си ги бараат парите назад.
Јасно до сега?
Што може да дознаеме од ова погоре?
Дека фирмата работи со загуба. Значи дека недоволно луѓе ги користат картичките КЕШ БЕК и недоволно пари се влеваат назад од процентот од повратените пари, а се сеќавате ли, они ви ветуваат на вас големи плати токму од тој процент, наводно ве тераат што повеќе да вклучувате членови за они кога ќе пазареле од процентот што се заштедува преку КЕш БЕК и вие да се опарите за 4 години од ког ќе влезете во тие облачињата и разните други инфинити облаци. Но ништо од тоа, со тоа што овде се гледа дека работат со загуба во 2018-та значи ГЛАВНИОТ бизнис модел нив им е шуплив, не им генерира профит, што значи приморани се од вас да бараат големи суми на париво вид на инвестиции во облаци и разни други инвестиции во Елитни Клубови и наводни идни акции во Елитен Клуб кој ќе имал своја крипто валута итн итн… за да можат да исплатат плати на вработените во фирмата иначе ќе мора да прогласат банкрот и да затворат?!?!
ТОКМУ ОВА Е ЧИСТ ДОКАЗ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ПИРАМИДАЛНА ИЗМАМА! СЕ ДОДЕКА ИМА НОВИ ИНВЕСТИТОРИ КОИ ЌЕ БУТААТ ПАРИ ВО ОБЛАЦИТЕ ФИРМАТА ЌЕ КНИЖИ НОВИ И НОВИ ОБВРСКИ КОН МАЈКАТА ФИРМА НО ЌЕ ЖИВЕЕ ОД ТИЕ ПАРИ И ЌЕ ОДИ ВО ЗАГУБА И ЕДЕН ДЕН ЌЕ ГИ ПРЕФРЛИ ТИЕ ПАРИ ВО АВСТРИЈА ВО МАЈ ВОРЛД ГРАЦ, И ТОЛКУ, ПАРИ ЌЕ НЕМА ЗА ДА СЕ ИСПЛАЌААТ АСТРОНОМСКИТЕ ВЕТЕНИ ПЛАТИ И ШЕМАТА ЌЕ МОРА ДА СЕ ЗАТВОРИ СО СТЕЧАЈ! КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ТОЈ ДЕН НЕ СЕ ЗНАЕ АМА ЌЕ ДОЈДЕ, ШТОМ СНЕМААТ НОВИ ЖРТВИ, ЗАТОА ОНИ СЕГА ПАНИЧНО СЕ СПРЕМААТ ЗА НОВИ ПАЗАРИ КАДЕ УШТЕ НЕ ГИ ЗНААТ ШТО СЕ И КАКВИ СЕ, ПА ЌЕ ОДАТ ВО ИНДИЈА, РУСИЈА, КИНА И ЌЕ ЖИВЕАТ ОД ИНВЕСТИТОРИТЕ ТАМУ СЕ ДОДЕКА И ТАМУ НЕ ГИ ПРОЧИТААТ ДЕКА СЕ ПИРАМИДА?!
Еве зошто они ставаат толкави влезни суми за да влезете во бизнисот, се сеќавате на цените, еве ги пак овде да ги повториме:
Ова погоре е основен пакет, најниска цена, потоа ќе ве бомбардираат со поскапи пакети и ќе ве прават глуп што не влегувате појако, демек сте кукавица и простак.
Ова пак го бараат од вас секој месец да го плаќате, ова е веќе чланарина, која трае со месеци, и така може да дојде и до иљадници евра, зависи колку време сте во шемата и им верувате.
Ова се пак картите од оние елитни семинари кои ги држат на фудбалски стадиони на кои полу голи жени рипаат на бината со огномети, еден вид спектакли за правење големи пари, како што Мадона или Ролинг Стоунс полнат стадиони за да млатат пари, така и овие 4 пати годишно полнат стадиони по изгор скапи карти за вие да сте научеле за 2 саата како се прават парите?!?!
Еве ги веќе полека сериозните суми, бараат од вас 1500е за да сте можеле САГЛАМ, ама вистински да правите пари, забележувате, бараат од вас да вложувате повеќе за да заработите повеќе, тоа го објаснуваат со прости термини како на пример сеење на нива жито за да ожнеете повеќе жито, ама изгледа станува збор за бричење на суво.
Еве уште поголеми суми, овој пат ви ги нудат тие фамозни облаци во кои вложувате пари и чекате да ви дадат назад за 4 години големи плати како награда што сте им верувале?! Инаку пазете, слотовите во тие облачиња коштаат 500е но они ве тераат да земете по 3 наеднаш, а пак во најновата измислица, облаче X таму цената е 1500е плус ве тераат да земете 10 слота за 10 пати побрзо да сте стигнале до големата плата која цело време ви ја нудат како награда.
Ако од овие суми ве боли глава, тогаш почекајте да видите што се случува во најновиот изум кој го смислиле за да ве натераат да уфрлите големи суми на пари во шемата. Смислиле Елитен Клуб кој наводно ќе учествувал во некакви трансвери на Крипто Валути но и ќе имал во свој посед јахти и авиони кои ќе ги рентале и ќе правеле профит од тоа, ама после 4 години, тој е тој фамозен трик, почекате 4 години за да ги свртиме парите и ќе заработите.
Погледнете овде за какви суми станува збор, боли глава:
И тоа само за да станете член на тој клуб за потоа да се здобиете со право да купите акции кои пота кога ќе оделе на берза ќе имале дупла цена?!?! Како они знаат колку ќе одат акциите на берза, тоа го одлучуваат инвеститорите според своите проценки базирани на анализа на бизнис моделот и бројките што ќе ги даде Елитен Клуб за тоа колку имаат приходи, расходи, профит итн итн…
Бараат од вас да сте влегле со купување акции по цена од 0,1 Евро за акција а понудени се 40 милиони евра вредни акции, значи 400 милиони акции!!!
Ова е бунар без дно, ако се фатите на орото можете да изгубите и до 50 000 евра, пари кои или сте зеле кредит или сте продале стан или сте ја потрошиле својата заштеда која сте ја штеделе кој знае колку време или пак заработени пари од работа на брод, земјоделска работа итн итн… Пари кои најверојатно никогаш пак нема да си ги вратите! А пкус ќе потрошите едно 2-5 години од вашиот живот чекајки ги тие пари.
Но теоретски, можно е сето погоре да сме грешка, да има нешто што ние не го гледаме овде, да овде има реален бизнис модел а ние не можеме тоа да го видиме затоа што ни изгледа многу сомнително.
Извор: Мактел