Ужас, и по кревети почна да ни влегува човеков, се смее поранешната пратеничка на СДСМ и актерка, Софија Куновска, алудирајќи на вчерашната скандалозна изјава на премиерот, кој вели дека нема да дозволи „криминалци, еден суетен новинар и еден педер” да ја урнат владата.
„Добро утро! Добри сте?
Сè беше јасно уште од времето на „жицата за алишта”, а камо ли пак од времето на „мрчат”. Само не сфатив дали „светел” по повод последнава квалификација.
Ужас, и по кревети почна да ни влегува човеков. Останува нејасно само како се чувствуваат „големите демократи” во владата, собранието и партијата по повод овие интелектуални височини made by Zeta Zeta.
P.S. Важно !!! Ако нема, да се воведе задолжителен здравствен преглед каде се проверува деловна способност за функционерите?”, напиша Куновска