На средбата што заврши пред неколку минути во Градската болница во Куманово, беше заклучено дека градот не треба да се сместува во 14-дневен карантин.
Техничкиот премиер, министерот за здравство и лидерите на локалните институции, на средбата со директорот на Градската болница и медицинскиот персонал заклучија дека досегашните мерки се ефикасни и може да бидат радикализирани, но оти нема причина за следен степен, како што е карантинот.
По состанокот што Централниот кризен штаб го имаше со локалните власти во Куманово, прашањето ќе биде дискутирано и во Владата.
Извршниот орган ќе објави дали ќе се преземат дополнителни мерки или не.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во неколку наврати побара градот да биде ставен во карантин со дозволено движење за вработените надвор од Куманово, но на неговата идеја се спротивставија премиерот и министерот за здравство.
Извор: www.alsat-m.tv