Интервју со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за порталот Поглед
ПОГЛЕД: Како ја коментирате изјавата на вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов кој вели дека победа на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија би значело запирање на преговорите и дека во тој случај без една поддршка од Бугарија, веројатно за 10-20 години би зборувале за одбрана на македонското малцинство во некаква Албанска провинција наречена „Македонија“.
Јас немам намера да го коментирам вицепремиерот Каракачанов. Независно кој е на власт во Македонија, дали нашата сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ договорот со Бугарија треба да биде исполнет. Ние како историски најблиски народи треба да си помагаме и не треба да продолжуваме со омразата, туку да ја отвориме вратата за нашите роднини, пријатели, соседи. Во Бугарија живеат над 2 милиони Македонци од Вардарска, Егејска Македонија, кои се наследници на македонските бугари, и ние нема како да не ја искажеме љубовта и пријателството меѓу најблиските луѓе и сонародници.
ПОГЛЕД: Како ја коментирате изјавата на г. Мицкоски дека „Гоце Делчев е македонски херој“ кој не смее да биде предмет на никакви преговори или разговори?
Ковачев: Господин Мицкоски е во право. Тој е македонски и одрински херој и тој е дел од нашата заедничка историја и наследство. Треба да го почитуваме, Георги Николов Делчев кој е роден во Кукуш во семејство на Бугари, мајка и татко Бугари, бил запишан во бугарската унијатска Црква, училиште во Солун, после тоа учел во военото училиште во Софија, учител по бугарски јазик во Штип и се борел за автономијата на Македонија и Одринско по Берлинскиот Конгрес во Отоманската Империја. Тој е македонски бугарин и тоа не треба да не разделува, а да не обединува. Јас сум сигурен дека кој ќе ги прочита историските факти од тој период нема како да не се соочи со вистината.
ПОГЛЕД: Од друга страна Заев најави дека прашањето за Гоце Делчев ќе се реши во духот на заедничката историја и смета дека „наративот“ за оваа тема е испровоциран од македонската опозиција. Како ја коментирате оваа изјава на првиот човек на СДСМ?
Ковачев: Ние никогаш не сме сакале темата да биде предизборна и да служи за заработување на гласови. Овие прашања трбеа да се решат во духот на договорот и на справедливоста и на вистината. На фактите од историјата, од соодветната епоха. Но тоа треба да го решат историчарите во комисијата, ако тие од македонска страна немаат храброст, тогаш треба владата заедно со бугарската влада да го реши тоа прашање. Гоце Делчев е наш заеднички херој, македонски херој, по етничка основа е од бугарска националност, но не го прави тоа помалку важен за Македонија.
ПОГЛЕД: Во гостување на Алфа Телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели вака: „Како ќе го убедите семејството на Мизрахи од кое повеќе од 20 членови завршиле трагично и биле одведени од бугарски војници кои имале фашистички ознаки во тој период, дека тие се ослободители овде? „Тоа не е за преговори“. Дали во лични разговори со Вас, со премиерот на Бугарија г. Бојко Борисов, Мицкоски го кажува ова или пак таму се водат сосема други разговори?
Ковачев: Такви разговори на средбите не сме воделе. Се разбира со исклучок на тоа дека сакаме се да биде базирано на вистината. Македонија до 41 година е окупирана од кралска Југославија, станува збор за јужна бановина, станува збор за јужна Србија, зборот „Македонија бил забранет“. ВМРО тогаш по време на кралска Југославија работи за независност на Македонија. Бугарската администрација се поддржува по 41 година од ВМРО, како и дедото на Груевски, Мијалков, бабата на Шекеринска,, кои тогаш влегуваат во бугарските акциони комитети.
Бугарските војници никогаш не имале фашистички униформи или фашистички ознаки. Не знам зошто господин Мицкоски го кажа тоа, но Холокаустот е одвратно престапнение кое секогаш треба да се памти, да се почитува секој убиен од хитлеривиот националсоциолизам. Ние се поклонуваме пред секоја жртва на нацизмот, но водачот на злото е нацистичката политика за уништување на Евреите, за која Борис Цар 3 се спротиставил и ги спасил сите Евреи на старите територии на царство Бугарија, каква што била и борбата на потпретседателот Димитар Пешев, како и на Бугарската Црква и општественост. Цар Борис не имал можност да го промени решението на Германците за депортацијата на Евреите на бивша кралска Југославија.
ПОГЛЕД: Господинот Мицкоски на еден македонски медиум вели вака: Источниот сосед некако синхронизирано делува со јужниот сосед. Не знам дали се кординирани, но имам чувство дека имаат обид за создавање на нова нација која ќе говори новименуван јазик во новоименуваната држава. Како ќе ја коментирате оваа изјава на првиот човек на македонската опозиција?
Ковачев: Бугарија нема ништо поврзано со позицијата на Грција. Ако е така како што вели тој тогаш ние уште пред 30 години би имале таква позиција. Нека не се прават такви изјави бидејќи ние први ја признавме Македонија, дадовме тенкови да се одбрани од Милошевиќ во случај тој да ја нападнеше Македонија, помагавме со храна и гориво при Југо ембаргото, се застапивме за територијалната целост на Македонија, Бугарија при првото претседателство со ЕУ примарно се занимаваше за вклучување на Македонија во ЕУ, први го ратификувавме протоколот за НАТО. Изјавата на Мицкоски дека има чувство дека сме кординирани со Грција е тотално некоректна.