Министерката за труд и социјала – Рашела Мизрахи, пред неколку денови одржа прес пред табла со старото државно име без придавката „Северна“.
Ова се најде во фокусот на вниманието на нашите, но и на грчките медиуми.
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров побара Мизрахи да биде веднаш разрешена.
Мизрахи преку соопштение информираше дека поинаква табла од таа што ја истакнала во министерството не постои, но нејзината заменичка Шкријељ со објавување на фотографија ја демантираше.
Текстот на грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој во целост е пренесен и ставот на министерот за надворешни работи Никола Димитров – дека Мизрахи направила „флагpaнтно кpшење на Уставот и законите“, е објавен на речиси сите грчки медиуми.
Темата се најде и во централните изданија на вестите на дел од грчките телевизии, пренесува МИА.
Меѓу грчката јавност, со реакција се јави и поранешниот грчки шеф на дипломатијата и потписник на Преспанскиот договор – Никос Коѕијас.
Тој побара стpoга кaзна за „игнорирањето, од страна на Мизрахи, на обврската на земјата во сите министерства да постави натписи и табли со новото име на земјата, што произлегува од стапувањето во сила на Преспанскиот договор“:
„Владата (на Нова Демократија) мора да ја приjaви во Обединетите нации Рашела Мизрахи – министерката за труд на Северна Македонија, која доаѓа од нивната сестринска ВМРО, за гpyбо кршење на меѓународното право и Преспанскиот договор.
Веднаш да побара од ЕУ да ѝ забрани влез во сите нејзини членки“, напиша Коѕијас на неговиот Твитер профил.
Κυβέρνηση οφείλει καταγγείλει στον ΟΗΕ την Ρασέλα Μιζραχί υπουργό εργασίας της Βόρειας Μακεδονίας, προερχομενη απο το αδελφό της κόμμα VMRO, για ωμή παραβίαση του διεθνους δικαίου και Συμφωνίας Πρεσπών. Άμεσα δε, να ζητήσει από ΕΕ την απαγόρευση εισόδου της σε όλα τα κράτη-μέλη
— Nikos Kotzias (@NikosKotzias) February 9, 2020