Денеска во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер гостуваше Гордана Димитриеска Кочоска со која се зборуваше за македонската економија во време на криза.
На ова интервју таа се осврна кои реформи ги предлагал Мицкоски пред корона-кризата, но за жал не наишол на соработка од власта.
– Една од првите предложени мерки на Мицкоски уште на почетокот на корона-кризата покрај субвенционирање на плататите беше мерката за ослободување на благајничките записи на банките и нивно искористување за купување хартии за вредност односно за финансирање на државата, истакнува Кочоска Димитриеска на денешното гостување во „Утро со Златев“.
Кочоска потенцира дека кога Мицкоски го дал овој предлог мислеле парите да бидат искористени паметно односно наменски.
Таа вели дека банките помалку го кредитирале стопанството, но затоа изложеноста на државата кон банките е огромна односно на историски највисоко ниво.
Повеќе >> Лидер