Додека бев генерален секретар на СДСМ, она што ми се допаѓаше кај Пауновски беше токму пркосот на принципиелна, аргументирана основа.
Тогаш можев да иницирам негова смена во еден миг, но знаејќи дека раководители со интегритет е она што му е потребно на нашите институции, таквиот потег би бил удар врз истите и одлука против сам себе и своите уверувања.
Следствено, да се менуваме на подобро, менувајќи го лошото, не доброто!
Да не се разрешува директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, туку да се променат критериумите за рамковна распределба на вработените по рамковниот договор.
Административците по рамковниот концепт треба да бидат артикулирани во системот, согласно критериумите кои важат за сите останати, без нивно привилегирање на штета на истиот.
Кога веќе силно се залагаме за подигнување на критериумите на високо професионално ниво во администрацијата и државниот апарат, неупатно и погрешно е да го менуваме оној кој најдоследно ги применува.
Можеби јавната конфронтација на Пауновски е политички несмасна и спротивна на професионалниот кодекс на однесување, но неговата смена во овој момент би била грешна порака, спротивна на евидентните заложби!