Новинарската самобендисаност и аргонатност нема крај кога е во прашање Бранко Героски.
Новинарот Героски е познат по своите приказни во кои под псевдоними прозива лица од политиката, функционери, јавни личности, со цел да привлече интерес и читаност, без да објави релевантни докази и аргументи, како што ликува на еден професионален новинар. Денес во за него познат стил, доживувајќи се себеси како арбитер, објави пост на фесјбук, со кој наводно го „амнестирал“ Кирацовски, но Боки не му простува и кажува кој ги организирал средбите во Битола?
https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/3097931580328516?__cft__[0]=AZWMx4vVZe7HtvEi3qASsi4T9zjtVJ8QNQC7b4Ui5Qau8Xi3l43h7LpjYGhRbIS8NXbVl1J5_zTWOsC25-L4nYcRzmj4zf21o3-DOdHvQcStqmzqWpI13_LuVZXFP6FevPw&__tn__=%2CO%2CP-R
На овие прозивки доби жежок „шамар“ од поранешниот Генерален секретар и пратеник Александар Кирацовски кој на својот фејсбук профил експресно му одговори:
“Обично не коментирам ординарни глупости, но очиглесно дека понекогаш и мора. ?
Вие, г-не Геровски не ме “амнестиравте” туку сфативте дека не ви држат, дури ни паушалните наводи, во врска со мене, што е огромен пропуст во вашето новинарско искуство доколку и воопшто се занимавате со професионално новинарство…
Но, она што гледам е дека јавноста не ве амнестира Вас, за сите измислици кои ги изнесовте во вашите текстови, за кои потоа моравте да ретерирате и да се повлекувате.
Сетете се само што се изнапишавте на вашиот портал пред само година дена…ни сам повеќе не верувате во тоа.
Од сите паушални измислици кои ги изнесовте тогаш, денес нападот ви се сведе на аргумент за закажана официјална и транспарентна средба на која сум бил присутен и на која впрочем и ништо не се случило, а за која лично ги известив надлежните инстанци во овој случај…?
Јако истражувачко новинарство!! :))
Постапката за среќа брзо тече и јавно ќе ве демантира за многу работи, но и ќе ја расчисти дилемата за вашите намери да се впуштите во авантурата која ве симна во очите на читателите.
На лажните вести, конечно им доаѓа крајот!”