Вчера по наредба на ЈО, кое води истрага за случајот познат како “Плацеви на Водно“, го приведе Ристо Новачевски, а пренесе Канал 5. Покрај Новачевски, за перење пари обвинителетото ги сомничи и експремиерот Груевски, поранешинот директор на УБК Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.
Пред два дена, лидерот на најголемата опозициска партија и наследник на Никола Груевски, Христијан Мицкоски, објави дека опозицискиот блок се окрупнува со приклучување на движењето ФРОДЕМ, кон ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на ФРОДЕМ, Јове Кекеновски, кој изминативе години важеше за голем опонент на политиките на најголемата опозициска партија и многумина беа изненадени кога пред неколку денови се официјализираше соработката со ВМРО-ДПМНЕ, вчера во свој статус на социјалните мрежи, ја прокоментира пријавата против поранешниот лидер на партијата, Никола Груевски:
,,Големите” вмровци молчеа кога овој човек нареди нестатутрано да ме исклучат од партијата, затоа што го критикував и јавно ја кажував вистината.
Се ке си дојде на свое место, а многумина од нив ке се срамат, ако воопшто имаат срам. Замислете кого бранеле, на чија страна биле и кој им бил идол?!“
Во коментар под постот дополни:
„Тој како претседател на ВМРО ДПМНЕ дел од паричните средства кои во овој период ги примил лично или преку општинските комитети на партијата како донации за финансирање на политичката партија, не ги прикажал како примени донации во финансиските квартални извештаи на партијата и од нив за себе присвоил пари во износ најмалку од 1.300.360 евра или 79.972.140,00 денари. Пу ј`зк“