Статус на Проф. Тања Каракамишева:
На денот кога Република Македонија беше погребана мал потсетник кој што зборувал и кој за што се борел!
Историјата е паметник на сите зли дела, но и на сите храбри постапки!
Во прилог ставот и објаснувањето на Каракамишева од Август – 2018 година:
Професор Тања Каракамишева на својот профил произнесе цврст став и објаснување за срамниот договор на Владата и претстојниот референдум.
“ УЛТИМАТУМ ОД ДРУГА ДРЖАВА не може да се смета за договор!
Договор е кога двете страни имаат win-win ситуација, ултиматум е кога едната страна добива се, другата страна губи се под силата на притисокот и уцената. На референдумот граѓаните треба да знаат дека ќе гласаат за УЛТИМАТУМ што Грција го потпиша со “Втората страна”!
Ултиматум прифатен од втората страна НЕ Е МОЈА ОПЦИЈА! Јас сум демократски ориентирана и слободна граѓанка која верува во вредностите на демократијата!
Во кој век живееме со овие ултиматуми, во 21. или во 17. век кога кралевите им наметнувале на сила обврски на останатите?”