Статус на Тања Каракамишева:
Зошто владата се уште крие и не се изјаснува што донесе авионот кој мистериозно слета на аеродромот во Скопје?
Дали пратката во авионот е државна тајна???
@VladaMK ќе и објасните ли на јавноста што ви донесоа вашите “пријатели”?
Имено на затворениот аеродром Скопје на 19 март „мистериозно“ слетал авион од Виена – пренесува „Лидер“.
И покрај тоа што авионот слетал на аеродромот кој во тој момент беше затворен поради мерките на владата против корона вирусот, никој не открива што тој носел и каде завршило тоа што е донесено – пренесува „Лидер“.
Податоците од меѓународното следење на летови до кои пристигнале до „Лидер“ покажуваат дека авион од моделот „SAAB 340A“ на унгарската компанија „FLEET AIR INTERNATIONAL“, во 12:45 минути од Виена тргнал кон скопскиот аеродром, а овде стигнал во 14:55 минути.
„Економски Лидер“ до М-НАВ поставиле две прашања. Прво, како на затворен аеродром синоќа слетал авион од Виена и второ, што носел авионот со оглед дека по задржување од триесетина минути повторно одлетал за Виена?
Од М-НАВ го добиле следниот одговор:
-Се работи за Карго лет кој согласно одлуката од седница на Владата на Република Северна Македонија број 44-2147/4 од 16.03.2020, како и објавата во Сл. Весник број 66, и НОТАМ-от број 141 кој стапил на сила на 18.03.2020 година за затвореност на Интернационалниот аеродром Скопје се исклучок од забраната за слетување. Во однос на прашањето за тоа што носел воздухопловот ќе мора да се обратите до ТАВ ДООЕЛ Скопје, бидејќи ние не поседуваме такви информации.