Многу интересни се секојдневните статуси на некои професори, кои по цена и да бидат напаѓани и плукани по социјалните мрежи, не ја пропуштаат приликата нешто да кажат, да бидат прочитани, сега, кога очигледно не се викани по телевизии каде што би биле видени и слушнати.
Еден таков пример е Тања Каракамишева, која критикува секојдневно, но досега не сме виделе предлог за некакво решение на било која тема.
Нејсе, вчера професорката од правен напиша дека сака и целиов период се обидува да биде разумна и да го разбере раководството на ВМРО-ДПМНЕ во сопствената одлука да биде конструктивно, ама никако не и одело.
,,КОНСТРУКТИВНОСТ кон власта, според моите убедувања, се покажува кога работите одат во добра насока, кога власта презема позитивни чекори за развој на држ.”, пишува Каракамишева.
На ова во коментар се надоврзува професорот Росоклија од Њујорк:
,,Кога некој е член на партија која нема идеологија, а ова ВМРО-ДПМНЕ ја нема, тогаш e послушник кој очекува некаков профит кога таа партија е, или ќе биде на власт. Таквото членство ,,голта” секакви бесмислици и дава поддршка на сè. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ денес, копија на СДСМ кое отсекогаш прибира баш такво членство, послушници за профит.”
Па потоа Каракамишева се согласува со него:
,,Горазд се знаеме подолго време и мислам дека точно ги детектираш сите слабости на нашиот систем. За многу работи си во право. Клиентелизмот е канцерот на нашата држава”
Од нашата редакција, поддршка охрабрување за професорите, освен критиките за власта и опозицијата, да понудат и некакво решение за состојбите во нашата држава.