Бегството на Груевски или апсењето на Мијалков како да беа само предигра за притворањето на Камчев. Малкумина тоа можат да го сфатат, но тоа е суштината на разврските кои следат во државата.
Семејството Камчеви, фудбалски речено, играше меѓу линиите. Тие не беа ниту со големата македонска олигархија ( Шутурков, Гаврилски, Туѓаров итн. ) а не беа ниту со таа нова генерација на постранзициони милионери кои се создадоа во Македонија. Вторите беа ситна риба за Камчеви, а првите не сакаа да бидат во друштво со Камчеви.
Тоа ги натера Камчеви да создаваат свој модел на богатење, владеење и моќ во државата. Се онаа што олигархијата го правеше невидливо, Камчеви го правеа видливо. Требаше сите да ги видат. Кога се здружуваа со политиката тоа требаше сите да го видат. Кога се здружуваа со новинарите тоа требаше сите да го видат. Кога се здружуваа со судството тоа требаше сите да го видат. Кога се здружуваа со луѓе од подземјето тоа требаше сите да го видат.
Денес малку кој ќе може да ви каже како функционира Штерјо Наков. Или Свето Јаневски. Или Хари Костов. Но кај Камчев тоа се прави пред камери.
Од големите политичари во Македонија, Камчеви или Камчев немаа добри бизнис односи само со Киро Глигоров и со Бранко Црвенковски, освен ако Наташа Савова не се третира како заедничка инвестиција со БЦ!? Со сите други делеа исти ставови дека парата ги зближува луѓето.
Листата е многу долга. Од Шекеринска, Тито Петковски, Бучковски, Љубчо Георгиевски, Никола Груевски, Сашо Мијалков, Трифун Костовски кога е на врвот на својата моќ, Христијан Мицкоски и доаѓаме до Зоран Заев.
Во времето кога БЦ е на цело на СДСМ, а Камчев е кум со Сашо Мијалков, Камчев сака преку Заев да влезе во игра со СДСМ. Од најави за ширење на Систина во Струмица до разни танге франге зделки со Русија.
Повеќе >> Во Центар