Поранешниот почесен конзул на Македонија во Хрватска, Горан Калоѓера, во својата реакција за бугаризирањето на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев среде Битола го нарече бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов „надуена будала“, без да го спомне.
„Читам на ‘Фејс’ дека во Битола доаѓа некоја надуена будала, која сака да промовира книги што немаат врска со историјата и со вистината за Македонија. Ги гледам и реакциите на моите македонски пријатели, кои веднаш скокаат на ваква и на слични провокации. Тоа нема смисла. Македонците и Македонките добро знаат кој е Гоце Делчев. кои биле неговите цели, што направил за движењето и колку е значаен за македонската борба за независност. Затоа, на ваквите и слични провокатори кои доаѓаат од ‘пријателска земја’ треба едноставно да им се каже: ‘Одеб..те и одете дома’“, порача преку Фејсбук хрватскиот славист и македонист од Риека.
Каракачанов вчера во Битола промовира книга за Тодор Александров, по што изјави дека спорот меѓу Бугарија и Македонија е политички, а не историски, а Гоце Делчев е Бугарин.