Македонските компании добро да се подготват за да бидат конкурентни на НАТО тендерите со влезот на државата во Алијансата.
Вака потенцираше амбасадорот на Словенија во земјава Милан Јазбец пред струмичките стопанственици во рамките на панел дискусијата „Македонската бизнис заедница како партнер на НАТО“ во рамките на карванот за предизвиците и можностите што ги нуди влезот во НАТО алијанската за компаниите.
Министерот за економија Крешник Бектеши тврди дека влезот на државата во НАТО отвара поголема конкурентност и можност за развој со оглед дека во ова семејство членуваат економски најразвиените земји.
Праксата покажува дека странските инвестиции во земји членки на НАТО се зголемуваат и до 30 отсто истакнаа учесниците на панел дискусијата што ја организираше Инфоцентарот за евро-атлантски интеграции.
https://www.youtube.com/watch?v=Pk-MzutxApE