Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски пред судиите денеска изјави дека добивал закани по живот, имал притисоци и за тоа го известил и обвинителството, јавува Телма.
Тој праша- на кого му одговара да не се дознае вистината за „Рекет“. Себе си се оквалификува како политички затвореник.
Инаку при влез во судница претпладнево провообвинетиот Бојан Јовановски порача: „Среќна Нова година на сите, да сте живи и здрави“, кој во судот беше донесен од притвор од Шутка со полициска придружба.
Исто така и адвокатите на обвинетите Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13 и честитаа Нова година на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, но тоа не го стори поранешната специјална обвинителка. Јанева само кажа: Заев заврши.
На денешното рочиште за случајот „Рекет“ сведочи обвинителката Елизабета Јосифовска, која беше заменичка на Катица Јанева на предлог на Вилма Русковска.
Извор: Лидер.мк