Статус на Стевчо Јакимовски:
“Постојано Зоран Заев, СДСМ и нивните апологети како што се колумнисти и таканаречени аналитичари, зборуваат дека треба да се обединиме и заеднички да се работи на патот кон Европа.
Колку ли само пати Заев ја повика опозицијата да му се приклучи и заеднички да работат за побрзо отварање на преговорите со ЕУ? Последен пат овие зборови ги кажа пред десетина дена.
Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски побара лидерска средба за да поразговараат и да утврдат заеднички став во врска со разговорите со Бугарија за историските прашања. Сосема коректно од Мицкоски за што треба да се спреми платформа пред средбата со Борисов. Ако заеднички договорат стратегија, платформа и црвени линии не може потоа опозицијата да бега ако евентуално се постигне договор.
Со дрското одбивање на лидерската средба од страна на Зоран Заев, опозицијата нема никаква обврска за било каква поддршка за евентуалниот договор со Бугарија.
Да бидеме живи и да видиме како по обичај Заев ќе смандрља некакво решение на наша штета, се разбира и потоа ќе бара поддршка од опозицијата.
Нема да ја добие тоа е повеќе од сигурно и добро нека го запамети денешниов 18-ти Октомври 2020 година.
Но, тој е научен да не бара поддршка од партии туку да купува пратеници, да апси и да уценува на крајно гангстерски начин. Но овој пат тој филм нема да го гледа!
Бугарската чорба што ја вари со Борисов сам ќе си ја срка. Уште поинтерсено ќе биде ако Бугарите му бараат уставни измени, а тоа ќе биде невозможна мисија.
Штом не чувствува за потребно да ја информира и да го слушне мислењето на опозицијата убеден сум дека овој потез скапо ќе го чини.”