Заев ги најавува шведска „Икеа“, „Еколог“ и „Блекстон“, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски исто вели дека има три адути, но ќе ги открие во своето „премиерско експозе“.
Партиските програми се полни и со најави за повисоки плати и пензии, вработување, пониски даноци, но колку граѓаните им веруваат?
„Џабе, џабе. Тоа не вреди“
„Сите ветуваат на крај…“
„Па гледаме, дали е точно којзнае“
„Влијае, порано подруго беше, ама сега свесни сме и ние граѓаните. Ако направат нешто ќе гласам за нив.“, велат дел од граѓаните.
Граѓаните што ги анкетиравте велат дека кампањите и предизборните ветувања може да им влијаат на тоа како ќе гласаат, иако голем дел од нив веќе се определни.
„Нормално дека ќе влијае. Зависи што презентираат. Што обеќале треба да си исполнат, доста само не лажат. Не е само да се обеќа ако кажале дека има промени нека има промени, не само едни те исти држ недај.
„Треба зошто после нема гласање за нив – тие што лажеле.“
„Не, јас сум определен од порано.“
„Ништо не влијае, ништо нема врска. Знаеме како живеевме, знаеме како ние е, знаеме како ќе биде во иднина, тоа е тоа.“, велат дел од граѓаните.
Изборните програми на партиите се професионлано подготвени, оценуваат експертите, но сепак се скептични дека ветувањата со кои се расфрлаат партиите се оствариливи, особено во време на пандемија која веќе со месеци адава сериозни удари на економијата.