Во изминатите триесет години плурализам, граѓаните, воедно и гласачи во нашата земја, што не видоа. Премини од една во друга политичка партија, отцепување на пратеници од партијата од која се избрани и формирање нови пратенички групи, но и приклонување кон нови политички опции.
Најсвеж пример за политичка неетичност, беше гласањњето за промена на Уставот, при кое осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, не ги послушаа партиските директиви и гласаа во прилог на тезите на владеачките партии.
И додека ова, од граѓаните беше оценето како предавство, функционерите на СДСМ, го оправдуваа ваквиот потег, нарекувајќи го врвен патриотизам и грижа за интересите на државата.
Познати се кавгите меѓу поранешните лидери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски, но и познато е дека потоа, тие стапија во коалиција. Секако, имаа оправдување за таквиот потег, тоа било од интерес за граѓаните, во уривање на „режимот“ на Никола Груевски.
Во минатиот парламентарен состав, Стевче Јакимовски и негобата ГРО, останаа без своите двајца пратеници. Нешто слично своевремено му се случи и на ВМРО-ДПМНЕ, кога голем број пратеници, после изборите 2002 година, пристапија кон новооформената ВМРО-НП, на Љубчо Георгиевски.
Граѓаните коментираат, а тоа се базира на информации од самите пратеници внатре во Парламентот, дека тие од говорница се напаѓаат и изгледаат како најголеми непријатели, но потоа, седнуваат во собраниските кулоари и насмеани пијат кафе.
Денес на социјалните мрежи се појави видео, на кое на почетокот пратеничката Иванка Василевска држи говор и остро го напаѓа Зоран Заев, но потоа се гледа како му се приближува и го потчукнува за внимание.
На почетокот Премиерот Заев ја игнорира, но потоа, со помош на Генералниот Секретар Николовски, се случува коверзација. Фан страната Сеир, ова го има насловено како извинување од страна на Василевска за жолчниот говор, но дали е тоа така, можат да потврдат само „актерите“ од ова кратко видео.
Инаку Василевска, минатата година даде контроверзно интервју за српскиот портал „Стање Ствари“, поради кое беше ставена на столбот на срамот, како човек кој за сметка на Србија, ги издава македонските интереси.
И покрај тоа, од актуелниот Претседател нба ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше ставена на листа за пратеници. Дали тој погреши во врска со Василевска, ќе покаже времето.