Премрежја со кои ќе се соочува Македонија, македонскиот народ и безвремената македонска идеја:
1. Како професор по Разрешување конфликти, научно теориски и емпириски, ниту еден конфликт не е разрешен успешно без да се удри во центарот на проблемот. Исто како и со земјотресите, секогаш имате епицентар.
Во македонскиот случај епицентарот е постоењето на македонската нација и нејзиниот државотворен статус во Македонија, постоењето на македонскиот јазик и на македонскиот идентитет, културата, историјата, традициите и обичаите и се што носи идентитетски предзнак.
Оттука, ниту со Спогодбата со Бугарија, ниту со Спогодбата со Грција се удри во епицентарот на проблемот, односно се направи опасен и без преседан, обид да се помести истиот во непознат правец и со тоа “проблемот кој вештачки го креираат непријателите на Македонците и на Македонија“ си остана да постои, само што пандорината кутија на оспорувањето на семакедонско се отвори докрај и се набилдаа екстремизмите кои со уште поголем интензитет ќе продожат да работат на негирање и поништување на македонизмот, поттикнати од наведнатата глава и свиената кичма на премиерот Заев и владата на сдссм, но и од уценетото и подложно на диктат вмродпмне и неговото лидерство.
Значи, буквално ништо не е постигнато со двете спогодби, напротив се отворија рани кои крварат и се подложни на бактериска инфекција, гноење и евентуално сепса која води до смрт на македонизмот.
2. Екстремизмите сега се померуваат од Грција спрема Бугарија и ќе притискаат во следниве правци:
– медиумска присутност во електронски и печатени медиуми на бугарски јазик,
– основно образование на бугарски јазик,
– универзитет на бугарски јазик, и за брзо
– барање за влез во преамбула на Уставот на бугарското малцинство или по ново бугарска етничка заедница во Македонија
– паралелно со основање на нови политички партии со бугарски предзнак, покрај едната која е веќе основана во Штип, втора која е во фаза на основање и трета која е во најава…
Значи, овој процес се одвива по линија на “ванчомихајловистичката“ идеја за поимањето на Македонија, а таа е веќе видена во првиот обид со бугарската фашистичка окупација во Втората светска војна, кога официјални јазици во Македонија се бугарскиот и албанскиот и учениците во основно образование учат задолжително на албански и бугарски…“што претставувало нелагодност за македонското население кое живеело на тие простори“ е буквално текстот во нашите учебници за историја за 9-то одделение денес, но и во 11,5 годините владеење на вмродпмне, односно тој текст е и тогаш внесен во учебниците по историја, значи кога владее вмродпмне.
3. Вмродпмне ќе се соочува со притисок по истата ванчомихајловистичка линија со намери да биде преземено од истите тие структури кои на големо притискаат да влезат во Македонија, паралелно со притисоците на струјата на Мијалков…а во услови на силна уцена врз првиот човек Мицковски, кога освен диктат кој е природен исчекор при постоење на уцени, сериозно прашање кое треба да си го постави нацијата е дали такво вмродпмне уценето и подложно на диктат, под силен удар на ванчомихајловистичките екстремизми ќе успее да се консолидира и поврати. И што дотогаш со македонската идеја, со македонскиот народ и идентитет? Дали смееме да си го дозволиме тој луксуз и понатаму да се надеваме дека се едни те исти ликови, со истите навики и рутини ќе се изборат за државотворниот карактер на македонскиот народ да конечно биде свој на своето во својата татковина?
Заклучок:
До овој момент бев коректен, упатував скриени пораки и очекував дека пораките ќе бидат сфатени од повисоката перспектива, но за жал политичко слепило е на сцена, и нормално при уцена – диктатот е последицата. Македонскиот народ не смее да биде оставен сам и без политичка сила позади него.
Единствениот одговор е да се поддржи, во моментов можеби единствениот бастион на македонската идеја – ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА, единствениот анхор кој има политичка сила, кадровски потнцијал и автохтона, изворна чиста македонска идеја и визија, единствената партија која нема багаж, која не е подложна на уцени и диктат од било кого или било чија безбедносна служба од дома или од надвор.
Ако ова не го види и препознае македонската нација сега и веднаш, не утре или некогаш, тогаш мојата проценка е дека од Македонија во периодов пред нас…буквите една по една ќе се топат пред налетот на екстремизмите, и прашање е дали и “М“ ќе остане од татковината.
Затоа, сите масовно пополнувајте пристапници за ИНТЕГРА и заедно да ја внесеме Македонската нација и Македонија во фазата на Новата Македонска ренесанса, за да заедно среќни и задоволни од постигнатото, да успееме третата декада на 21-от век да биде декада на остварениот сон на Македонецот да биде свој на своето во својата татковина Македонија, просперитетна, успешна и своја на своето.