Инаугурацијата на Стево Пендаровски за петти шеф на државата, најверојатно, ќе се одржи в недела со почеток во 12 часот. Еден до два часа подоцна се планира во претседателската резиденција претседателот во заминување Ѓорге Иванов да му ја предаде должноста на Пендаровски, кој, практично, на полноќ – меѓу 12 и 13 мај ќе почне да ја извршува претседателската функција, откако оствари победа на изборите на 5 мај.
Претседателот на Собранието Талат Џафери посочува дека се чека да поминат сите рокови за приговори за изборите во ДИК и евентуално во Управниот суд. Тој вели дека се надева дека најдоцна до недела утрото Пендаровски ќе го добие решението од ДИК дека е избран за претседател, со оглед на тоа што тоа е последниот ден од вториот мандат на Иванов.
Извор: novatv.mk