Селекторот на фудбалскиот национален тим кој со играчите се пласираше на Европското првенство 2021 Игор Ангеловски Мрме со една изјава ги прекина сите “комбинации” на претседателот на Фудбалската федерација кој Насер Ајдини за нов шеф на стручниот штаб на репрезентацијата.
Откако Ајдини одби да разговара со селекторот пред истек на неговиот договор кој истекува на 31-ви декември и најави дека очекува Ангеловски да поставува услови, популарниот “Мрме” понуди да го води националниот тим без преговори и негови услови за продолжување на договорот.
Со тоа Ајдини не може да продолжи со наративот за нов селектор доколку Ангеловски бара посебни финансиски услови.
Ангеловски потврди дека е спремен да ги прифати сите услови кои ќе му ги понуди ФФМ.
“Му благодарам на претседателот Сејдини што ме смета за прв избор, мислам дека со постигнатите резултати го заслужив тоа. Сакам да ја информирам јавноста дека сум подготвен да ги прифатам сите понудени услови во форма на договор од страна на ФФМ и истиот да го потпишам. Деталите од договорот сум подготвен да се објават јавно на заедничка прес – конференција затоа што не сакам јавноста да добие погрешен впечаток дека од моја страна ќе бидат поставени некакви услови. Јас секогаш го ставам во преден план националниот интерес пред личниот”, изјави Ангеловски за спортски.мк.
Повеќе >> sportski.mk