Според Уставот, Груевски веќе не е пратеник оти неоправдано отсуствува над 6 месеци, Собранието само треба да го утврди одземањето на мандатот.
Претседателот на Комисијата Павле Богоевски, пред вчера да ја најави својата оставка на пратеничката функција, кажа дека на 15 мај 2019 претседателот на Собранието Талат Џафери го известил оти пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски 6 месеци неоправдано отсуствувал од работа.
Член 65 од Уставот јасно кажува:
„На пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци. Одземањето на мандатот го утврдува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“.
Според последната реченица, пратениците само ја верификуваат и формализираат задачата што им ја дава Уставот и која тие мора да ја исполнат.
Извор: libertas.mk