Пратеникот на ДУИ, Артан Груби потврди дека македонскиот премиер Зоран Заев беше решен да си даде оставка, по одбивањето на отворање на преговорите со ЕУ. Поканет во емисијата „Опиниот“ на Тв Клан, Груби рече дека на Заев Али Ахмети не му дозволи да си даде оставка, тврдејќи дека не отворањето преговори со Македонија не е неуспех на владата, туку грешка на Европската унија.
И затоа беше одлучено да се одржат предвремени избори на 12 април 2020 година, откако земјата ќе стана членка на НАТО. – Тој беше подготвен да си даде оставка поради големото разочарување. Затоа што добил огромни ветувања. Меркел ја посети Македонија. Познатиот албански новинар го прашува Груби, значи Заев беше спремен да си замине, на што пратеникот во македонското Собрание вели, да подготвен беше.
Ноинарот Бленди Февзиу повторно го прашува Груби, тогаш зошто се предомислил од давањето оставка. – Ние не се согласивме и г-дин Ахмети му рече дека немаме причина да признаеме вина која ја немаме, затоа што вината е на Европската унија која не успеа во своите ветувања, ние ги исполнивме сите услови.
И, решивме заеднички да излеземе на избори само откако ќе влеземе во НАТО. Имавме многу болни реформи за да добиеме НЕ за толку мало прашање за отворање преговори што би и овозможило на Европската унија да нè контролира дури и повеќе отколку што им можност сега. Албанците се одлучувачки елемент на владеењето со Северна Македонија, истакна Артан Груби меѓу другото.