Во последната емисија „Во Центар“, на Васко Ефтов, гостуваа лидерот на партијата Интегра, Љупчо Ристовски и Претседателката на паертијата „Глас за Македонија“, Солза Грчева.
Васко Ефтов со прашање до Солза Грчева дека нејзината партија е наменски направена и дека потписите за регистрирање на партијата и ги собрале во време кога технички Премиер беше Емил Димитриев.
Ова Солза Грчева жестоко го демантираше и потенцираше дека не нејзината, туку потписи биле собрани на една друга партија, која според неа е блиска до ВМРО-ДПМНЕ.
Ефтов инсистираше да каже која е таа партија, Солза му одговори дека тие се оние кои требале, односно сакале да се викаат Лабуристичка партија. Водителот Ефтов заклучи дека е тоа партијата Левица.
-Васко, јас бев таа која се качуваше по гајби за реферндумот, јас бев таа која се бореше против промена на името, јас, мојата партија и други поединци и партии, но не и Левица на Апасиев, рече Грчева.
-Уште од Претседателките избори се виде дека Левица ја поддржува Гордана Силјановска. Ви велам, Апасиев е продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е понтонски мост за оние гласачи кои се можеби разочарани од ВМРО-ДПМНЕ, заклучи солза Грчева, но и водителот Васко Ефтов.
https://www.youtube.com/watch?v=mCb1jL6_QY0&feature=emb_title