Цените ќе ги формираат самите трговци. Досега тие не излегоа со официјален став за цената на горивата, но од Регулаторна не очекуваат ценовни шокови. Препорачуваат мало поефтинување кај бензините и иста или малку зголемена цена на дизелот, бидејќи такви се движењата на светските берзи.
Кога ќе стапи на сила и новиот правилник според кој ќе се утврдуваат малопродажните цени, регулаторна уверува дека ќе останат на слично ниво. Но, во пресметките, најавија дека ќе се признаваат зголемени трошоци за транспорт, складирање, како и маржа за малите трговци.
Трговците за прв пат самите одлучуваат за цените на горивата откако екс претседателот Иванов не ги потпиша измените на Законот за енергетика. Бислимовски очекува, Пендаровски да стави потпис на нив, тие да се усвојат во собранието и веќе од наредниот понеделник комисијата да продолжи да ги утврдува малопродажните цени. Оттсега тоа ќе го прави еднаш во неделата.
Извор: kanal5.com.mk