Копретседавачот со историската комисија меѓу Македонија и Бугарија Драги Ѓорѓиев рече дека на средбите со бугарските историчари не се разговара за македонскиот идентитет и јазик.
-Ние апсолутно, не дискутираме ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонскиот јазик, бидејќи во јавноста се создаде една фама дека за тоа се дискутира – рече Ѓорѓиев на ТВ 21.
Тој посочи дека последната средба заглавила на две точки, од кои едната е Цар Самуил.
-Од наша страна претставувањето на Цар Самоил во учебниците да го понудиме, учениците да имаат две перспективи на таа Самоилова држава: дека е наследник на средновековното бугарско царство, но и дека има тези дека е независно Царство. Од бугарска страна се инсистираше да биде само на Царство кое го наследува традицијата на првото бугарско Царство – рече Ѓорѓиев.
Тој додаде дека вториот спорен момент е придавката македонски.
Повеќе >> Фокус