ГИНЕКОЛОГИЈА ДОБИ ДНЕВНА БОЛНИЦА ЗА АБОРТУСИ, ЌЕ СЕ НАБАВИ И РОБОТ-ХИРУРГ

филипче абортуси
Прочитај за: 2 минути

Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје (ГАК) доби нов простор за Дневната болница и сала за киретажа. Станува збор за современо опремен мини центар за изведување на абортусите, со целосно опремени нови кревети.

„Просторот е адаптиран со оглед на тоа дека ГАК изминатиов период е и Ковид-центар. Сега доби и Дневна болница којашто ќе биде на располагање на сите пациентки на коишто им е потребна оваа интервенција. Центарот е опремен и со два гинеколошки стола, две машини за анестезија, со што значајно се зголемува капацитетот“, рекоа денеска министерот за здравство Венко Филипче и директорката на ГАК, д-р Викторија Јовановска.

Филипче додаде дека разговарале и за промената на системот којшто година дена функционира, после промената на Законот за абортус.

Собранието на 14 март 2019 го донесе Законот за прекин на бременоста со кој се укинуваат административните бариери и се овозможува жената да го оствари правото за безбеден прекин на бременоста. Со овој Закон првпат се воведува можност за прекинување на бременоста до деветтата гестациска недела со медикаментозен метод, односно со таблета за абортирање, и во здравствена установа од примарна здравствена заштита, односно амбуланта.

„Навистина е многу симплифициран целиот тој процес, нема повеќе чекање од три дена. Веднаш се спроведуваат постапките согласно новата измена на законот и во последните два месеца за првпат на клиниката после соодветната набавка и медикаментозниот абортус, посебно кај жените во пораните фази на бременоста. Сега на овој современ и навистина европски начин освен стандардниот може да се спроведе и медикаментозниот абортус“, рече Филипче.

Министерот најави дека ќе се почне постапка за набавка на современ хируршки апарат – роботска хирургија, кој ќе се користи најмногу од страна на експертите од областа на гинекологијата и специјалистите уролози.

Инфо >> sdk.com

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE