По поддршката од потпаролот на СДСМ Костадин Костадинов за Васил Гарванлиев, се огласи и Љубчо Георгиевски лидерот на ВМРО-НП и искажа поддркша за овогодинешниот Евровизиски претставникна Македонија кој поради Бугарски пасош наиде на низа критики.
„Она што деновиве одредени групи од македонскиот народ му го прават на пејачот Васил Гарванлиев, одамна во општествените науки има своја дефиниција и се вика ШОВИНИЗАМ, напиша денеска на фејсбук Георгиевски.
Потсетуваме дека Гарванлиев најрвин беше обвинет дека во спотот за евровизиската песна се појавува Бугарското знаме, а потоа на социјалните мрежи протече и интервју во кое тој кажува дека има Бухарски пасош, по што следеа шестоки реакции, па дури на оваа социјална мрежа се шири петиција, чии наслов е Стоп за понижувањата со Евровизија 2021 година. Со петицијата се бара Македонската Радио Телевизија веднаш да го повлече настапот на Евровизија 2021.