ШТО РАЗБИРА ДЕТЕ ШТО Е МУНИЦИЈА И ОРУЖЈЕ, А ШТО ПАШТЕТИ И ЕКЛЕРИ!?
За иронијата на јавниот интерес ебаго.
Кога објавив лесно проверливи (мал дел) информации за МВР и ОЈО во врска со „требувањата на големо количество муниција и експлозиви за потребите на Кабинетот на Директорот на УБК“, а подоцна и за “Спец-касата на УБК” за момент помислив на најмалку две работи.
Мислев дека ќе фршти истражувачкото новинарство со интерес и прашања до релевантните институции, да проверат, да прашат и да „ДИГНАТ“ тема од ЈАВЕН ИНТЕРЕС.
Мислев дека, помошникот на министерот за внатрешна контрола, познат по својата „ажурност“ Дејан Андонов по службена должност ќе се погрижи да види каква била грижата за стандардите и за ресурсите во МВР и дека ќе отвори внатрешна истрага за овие “прехрамбени” требувања.
Да бидам до крај искрена за последното, очекував работата на Одделението за магацинско работење да биде еден од примарните интереси и на министерот за внатрешни работи, од причина што Буџетот на МВР се трошел и се троши за набавки и на оружје, муниција и сл., а контролата на задолжувањето и употребата на тоа оружје и муниција мора да бидат примарна обврска на сите контролни механизими.
Ова го очекував повеќе од било што затоа што тоа Одделение врши прием, чување и издавање на оружје, муниција, резервни делови за одржување на оружјето и други експлозивни средства за лично и колективно вооружување, ја изготвува потребната документација за влез и излез и ја води потребната материјална евиденција за примени и издадени материјали. Обезбедува и податоци за ажурирање на базата на податоци за складираното оружје, муниција, резервните делови за одржување на оружјето и другите експлозивни средства за лично и колективно вооружување.
Е сега, пошто НИКОЈ не се заинтересира за објавите за три количини на муниција од различни калибри, ќе наведам уште податоци со датуми за требувања и количини на муниција и оружје кое било требувано од Одделението за магацинско работење на МВР ДИРЕКТНО од Кабинетот и „за потребите на Кабинетот на Директорот на УБК Сашо Мијалков“.
Кога ќе завршам со неговиот Кабиент, ќе напишам и за Кабинетите кои дошле по него (2016, 2017) и си ја продолжиле практиката на требување ЗА НЕПОЗНАТИ ЦЕЛИ.
Пред да почнам да редам датуми и количини, сакам да знаете (тоа го знаат сите припадници на МВР кои ги читаат овие објави) дека КАБИНЕТОТ на Директорот на УБК долги години НЕ ПОСТОИ во организациската структура на МВР.
Тие пак, што ептен знаат за полициската организација ќе додадат дека КАБИНЕТИ на ДИРЕКТОРИ и МИНИСТЕР во МВР „НЕ СЕ ФОРМАЦИСКА ЕДИНИЦА“‼ која може и има право да требува оружје и муниција од Одделението за магациско работење.
Само по овие факти очекував интерес, но одговорноста за тоа ќе ја оставам на други.
“За потребите на Кабинетот на Директорот на УБК”:
✅ 2010 година
09.02.2010 –
1600 парчиња муниција калибар 9мм ДЗ;
11.02.2010 –
300 парчиња муниција за револвер S-W ½ I, kalibar 0357;
23.02.2010 –
50 муниција за Револвер Kolt Magnum 357;
27.04.2010 –
1600 парчиња муниција за пиштол 9мм ДЗ
1000 парчиња муниција кал. 7,62 мм ДЗ
600 парчиња муниција за пиштол кал. 7,65 мм.
24.06.2010 –
1600 парчиња муниција за пиштол кал. 9х19 мм ДЗ
100 парчиња муниција за магнум 357
800 парчиња муниција за пиштол кал. 7,65 мм
100 парчиња муниција за пиштол кал. 6,35 мм
14.09.2010 година –
1000 парчиња муниција кал. 7,62х39 мм ДЗ
600 парчиња муниција кал. 9х19 мм ДЗ
500 парчиња муниција за Магнум 357
600 парчиња муниција кал. 7,65 мм
500 парчиња муниција кал. 6,35 мм
✅ 2011 година
01.06.2011 година се врши задолжување:
Со муниција и пиштол калибар 9х19 мм Combat master Sars ilmaz на службените лица: Ален Зекиров, Гоце Костенчевски, Мишко Голубовски, Жарко Медарски, Гоце Цветановски, дејан Ивановски и Дејан Тарчуговски;
✅ 2012 година
02.05.2012 –
800 парчиња муниција кал. 7,62х39 мм
300 парчиња муниција кал. 7,9х57 мм
300 парчиња муниција 7,62х54 мм
400 парчиња муниција кал. 7,65 мм
150 парчиња муниција кал. 7,62х51 мм
15.10.2012 –
1260 парчиња муниција кал. 7,62х39 мм
1000 парчиња муниција кал. 7,9 мм
1000 парчиња муниција кал. 7,9х54 мм
1000 парчиња муниција кал.7,65 мм
400 парчиња муниција кал. 7,62х25 мм
01.11.2012 – 2000 парчиња муниција кал. 9 мм
11.12.2012 –
1600 парчиња муниција кал. 9 мм ДЗ
800 парчиња муниција кал. 7,65 мм
✅ 2013 година
10.09.2013 –
1000 парчиња муниција кал. 9 мм ДЗ
1000 парчиња муниција кал.7,62 мм ДЗ
20.09.2013 –
1000 парчиња муниција кал. 9 мм ДЗ
1000 парчиња муниција кал.7,62 мм ДЗ
26.09.2013-
1000 парчиња муниција кал. 7,9 мм;
1000 парчиња муниција кал. 7,65 мм;
1000 парчиња муниција кал. 7,62 х 54 мм;
200 парчиња муниција кал. 9мм.
100 парчиња муниција за 357.
✅ 2014 година
09.01.2014 –
2000 парчиња муниција кал. 9 мм ДЗ.
17.03.2014 – 5000 парчиња муниција кал. 9 мм ДЗ
14.05.2014 –
1000 парчиња муниција калибар 7,9 мм
1800 парчиња муниција калибар 7,65 мм;
1000 парчиња муниција калибар 7,62 х 54R мм;
1000 парчиња муниција за пиштол 9мм.
✅ 2015 година
09.04.2015 –
1600 парчиња муниција кал. 9х19 мм
1260 парчиња муниција кал. 7,62х39 мм
24.06.2015 –
1000 парчиња муниција кал. 9х19 мм
1260 парчиња муниција 7,62х39 мм
1000 парчиња муниција кал. 5,56 мм
✅ 2016 година
26.01.2016 –
1000 парчиња муниција кал. 9х19 мм
1000 парчиња муниција кал. 7,62х54 мм
1000 парчиња муниција кал. 7,65 мм
1000 парчиња муниција кал. 8х57 мм
03.10.2016 –
1200 парчиња муниција кал. 9х19 мм
1 (еден) сандак муниција за автоматска пушка кал. 7,62х39 мм.
На 03.08.2016 година побарано е задолжување со кратки автоматски пиштоли кал. 7,62 мм и количество на муниција за ?„Петтата управа при УБК (?!)“ на опетаривни техничари Дејан Димкоски и Ристо Стефановски.
✅ 2017 година
17.03.2017 –
1500 парчиња муниција кал 9х19 мм
1 (еден) сандак муниција за автоматска пушка кал. 7,62х39 мм
‼Земете дигтрон и пресметајте добро…, што во сандаци, што во рамки, што во шаржери, што во евра на државна сметка.
Ако сега не сте шокирани доволно во друг статус ќе напишам за количеството на Експлозив ТНТ, пластичен Ц-4, лисмат-флекс екс (fleh-4), каписли и сл., и кој беше главниот деминер во УБК кој требало да врши деактивирање и уништување на екплозивни средства и направи при антитерористички прегледи, односно колку и дали се најдени такви и дали е употребена таа количина на експлозив.
И немојте ве молам да релативизирате ништо од изнесеното.
Знам дека полицајците што читаат ќе се запрашаат дали во својот работен век под оружје виделе и можеле да употребат волкава количина на оружје.
Некои ќе се кладат и ќе добијат ако потврдат дека ФОРМАЦИСКА ЕДИНИЦА во МВР не требува волкава количина на оружје за една, а камоли за две-три години.
Знаат дека оправдана и броена количина за употреба добиле при план за гаѓање, а се друго е на нивна одговорност.
Знаат дека за еден нераздолжен куршум можат да имаат проблем и да не можат да заминат во пензија.
Знаат дека сето ова ВАЖИ ЗА НИВ, но не важело за тие во Кабинетот “по сила на Мијалков”.
Ако на ова додадам дека за еден пронајден куршум кривично се одговара (освен за оние куршуми и пиштол што на Мијалков му ги најдоа на аеродром), тогаш ќе ви е јасно за каква иронија и катастрофа на системот пишувам.
Се плашам дека за некои работи ќе биде доцна.
Ќутете си, се пука на државна сметка ….
[…] makedonskivesnik.com […]
Comments are closed.