Статус на Фросина Ременски:
КАЛИБРИ ЗА КАБИНЕТОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА УБК
Во најавата на оваа објава потенцирав дека, претходните две објави во врска со фактите за што се трошеле парите од „Спец-касата на УБК“, потенцирав дека се читани, но отсуствува медиумски интерес (освен за тие што се јавија) за сериозните прашања кои ги вадат на површина ?свесните, координираните и намерните изземања (амнестирања) од одговорност на Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска со уште неколку ликови? од поранешната УБК кои лажно заведувале, не заведувале оперативни акции, но трошеле енормни суми на државни пари и ресурси за работи кои не можеле да бидат исплаќани од „средствата за посебни намени на УБК“.
По пресудите за шефот на Кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски во смисла дека КАБИНЕТОТ, односно ШЕФОТ на Кабинетот бил најодговорен за сите злоупотреби во УБК, а не Директорот Сашо Мијалков и министерот за ВР Гордана Јанкуловска итн., се отворија многу потпрашања кои ги истакнав во двете објави и нема да ги експлоатирам во оваа.
Во оваа објава сакам да поставам неколку прашања и да предочам неколку факти:
Дали Кабинетот на Директор на УБК има потреба од муниција и за кои потреби⁉️
Кој врши контрола над магацинското требување, употреба и раздолжување на муниција во МВР за потребите на организациските единици и припадниците на МВР ⁉️
– Ако се погледнат подзаконските акти на МВР кои го регулираат ова прашање, не само за МВР, туку за сите институции, фирми и поединци кои набавуваат, задолжуваат, носат и употребуваат огнено оружје од различен вид што е уредено со закон, ќе видите дека КАБИНЕТОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА УБК ниту има право да требува муниција за „кабинетски потреби“, ниту пак врши работи за кои е потребна набавка на муниција од различен вид и калибар. Секако, ако не се земат во предвид парабезбедносните делувања на „самурајските прикриени тимови“ за кои сведочеше Нинџа и нивните „оперативни придонеси“ кои гледаме колку пари ги чинеле граѓаните на оваа земја.
Кабинетски потреби
Директорот на УБК Сашо Мијалков до Одделението за магацинско работење на МВР на 14.05.2014 година испратил СВОЕРАЧНО ПОТПИШАНО Барање бр. 37-1642/1 во кое истакнува дека, „ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КАБИНЕТОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА УБК“ потребно е да ја обезбедат следната муниција во
количина и вид:
– 1000 парчиња муниција калибар 7,9 мм (СНАЈПЕРСКО ЗРНО);
– 1800 парчиња муниција калибар 7,65 мм;
– 1000 парчиња муниција калибар 7,62 х 54R мм (СНАЈПЕРСКО ЗРНО);
– 1000 парчиња муниција за пиштол 9мм.
Истата година на 09.01.2014 СВОЕРАЧНО ПОТПИШАЛ Барање бр. 37-50/1 во кое истакнува дека, „ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КАБИНЕТОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА УБК“ потребно е да се обезбедат:
– 2000 парчиња муниција калибар 9 мм ДЗ.
Директорот на УБК Сашо Мијалков до Одделението за магацинско работење на МВР на 26.09.2013 година испратил СВОЕРАЧНО ПОТПИШАНО Барање бр. 35-3829/1 во кое истакнува дека, „ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КАБИНЕТОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА УБК“ потребно е да ја обезбедат следната муниција во количина и вид:
– 1000 парчиња муниција калибар 7,9 мм (СНАЈПЕРСКО ЗРНО);
– 1000 парчиња муниција калибар 7,65 мм;
– 1000 парчиња муниција калибар 7,62 х 54 мм (СНАЈПЕРСКО ЗРНО);
– 200 парчиња муниција за пиштол 9мм.
– 100 парчиња муниција за револвер Магнум 357.
Кои лица во Кабинетот на Директорот на УБК должеле, носеле и употребувале оружје со муниција од овие калибри, особено снајперските зрна
Секако ова не е се.
Скоро секоја година ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КАБИНЕТОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА УБК со потпис на Директорот Сашо Мијалков се требувала муниција во вид и количина кој и со која не располагаат повикани организациски единици, полициски станици и гранични полициски станици. Се набавувале и задолжувале ПИМ картички во фамозната Петта Управа, се купувале и други МНОГУ ПОСТРАШНИ РАБОТИ. За нив другпат. Во една комуникација со „експерт“ разбрав дека, луѓето од Кабинетот морале да вежбаат (?!)
Па се правував кој, кога, каде и со што вежбал⁉️
Нема полицаец во МВР што не знае дека задолжителните гаѓања со огнено оружје (не секакво) се прави според посебен план за гаѓање, посебни протоколи, евиденции и регистрации за што се прават посебни извештаи. Такво нешто нема во ОВИЕ МУНИЦИСКИ ТРЕБОВАЊА. Кога на почетокот на Јануари 2019 година, во екот на реформата на УБК, како член на Комисијата за надзор над УБК и АР ги добив овие папири немав ниту соговорник на оваа тема, ниту пак можев сама да сторам нешто – ШТАМА.
– Правев дописи, изведтував и барав чаре за луѓето кои знаеја кој и што може да прави во УБК, а што не може. За жал, попрво го “средија” надзорот и контролата, отколку „оние вооружените преку уши“
Штамата е ГЛАСНА и денес, кога наместо да се фатиме во костец. СО РАСЧИСТУВАЊЕ на злото, се води натпревар кој колку може подолго да молчи.
Но, ако. Нека се чита и нека се знае кој зборува, а кој молчи.
Кога во една прилика првпат “на браникот на татковината” (пред Суд) го сретнав Сашо Мијалков, ме предупреди „да ги проверувам работите пред да пишувам“ и дека, „не било баш така“. Тоа се однесуваше за “наводната тепачка со Кичевскиот” ако не се лажам. Го застанав на излегување да ми каже „А како е, ако не е така и каде да проверам?!“. Уште не кажал / чекам да каже како е
За напишаното јас читам и гледам, не слушам. Кој ќе слушне нека праша (ако смее), а кој ќе виду нека провери. Нека каже дека НЕ СУМ ВО ПРАВО, но нека каже КАКО ОДЕЛО ТРЕБУВАЊЕТО И РАЗДОЛЖУВАЊЕТО ⁉️
Објавата ја пишувам додека европските медиуми известуваат за масовното пукање (тероризам) во Виена.