Фрчкоски: Тоа е едно шупливо полу-знаење, една напудрена слаткоречивост, празна и повторлива во својата несигурност да ужас еден!

Прочитај за: 5 минути

Во општество со брутализирана нација нејзината интелегенција е најпогодена. Императивот нешто да се каже да се „биде“ во јавноста, да се создаде експертско име растура, бидејќи освен желбата и јадежот недостасува сè останато. Тоа е едно шупливо полу-знаење, една напудрена слаткоречивост, празна и повторлива во својата несигурност да ужас еден. Тоа се тие правнички Понзи шеми на измами – кои иако се уриваат катадневно во светло на своите лоши проценки и оценки, во своето квази знаење – тоа сепак ништо не ги учи овие fuck-faces ликови. Тие имаат своја публика и свој филм за кој дробат и дробат. Секако, како вели Вили Нелсон и кога си неуспешен и глуп доволно долго стануваш легенда! И тоа е опција!

Јазичката и телеолошката анализа на изговореното е страотна: латинските цитати и обидот за образовна широчина не е поткрепена со широко и прецизно знаење; нема ни приближна претстава за смислата и значењето на изговореното; нема логичка врска меѓу реченото и она што претпоставувате дека сака да го каже (ниџе везе); неговото изречено не е „истргнато од контекст“ бидејки таков нема; следи бламантно повторување и преприкажување, површни аналогии исцедени од колосално и претенциозно незнаење; толку бесмислено што не е јасно како еден ваков шалабајзер воопшто има позиција во јавноста нешто да соопшти?

Но нејсе, сега ќе ја провериме критикава врз еден негов скорешен текст кој има амбиција да биде критичка правна и уставна анализа со предлози.

Насловот на текстот и основната теза е интергалактичка глупост! Имено почнува со теза дека за исти околности, потполно правно исцрпена состојба на „пандемична епидемија“ (патем нема таква! Има епидемија кога болеста се шири силно и пандемија кога ширењето е вон контрола, пандемична епидемија нема) не може да се прогласи втора вонредна состојба? Ма није могуче? Понатака дека тое е волунтаристичко, самоволно, сосема противуставно (што имплицира деќа постои и не-сосема противуставно или малку противуставно за разлика од ова кое е сосема такво. Кога поради зборовно сиромаштво се обидувате да го китите зборот ПРОТИВУСТАВНО кој е јасен и одреден, резултатот е контроверзен, а не засилен во своето значење, што е намера на греотава), правно недозволив, спорен акт, кој всушност не e ниту правен акт туку „деклараторна одлука“ со која претседателот Пендаровски исчекорил надвор од своите уставни овластување за што треба да биде казнет за да не се повтори вакво нешто. Јако и истовремено по сите линии неточно! Ова истото е повторено трипати во текст од пет страни.

Понатаму, дека рокот од 30 дена за прогласување на вонредната состојба е: астрономски, резолутен, jus cogens, неменлив, незапирлив, континуален, и дека после негово истекување не може ништо да се стори со нова вонредна состојба туку требало (пази поента) од позади, резервно и елегантно да се активира членот 1 од Законот за Кризи (?) така што после само една и единствена вонредна состојба може да се активира само „кризна состојба“ и тоа по законска, а не уставна основа (?). Покажувајќи елементарно незнаење дека согласно Уставот човековите права и слободи можат да се ограничат САМО ВО СОГЛАСНОСТ СО УСТАВОТ (чл. 54), односно правни институти предвидени во него (како вонредната состојба ), а не со Законот за кризи или кој било друг закон. Ова пак било „малициозна злоупотреба на вонредната состојба“ (што повторно имплицира дека може да постои и немалициозна, добронамерна злоупотреба на вонредната состојба). Јеботе, каква каша во главата има ова момче!

Сега по ред: Уставот во принцип и правни потребни детали го решава институтот вонредна состојба. Значи, ако сака да каже дека е возможна само еднаш (што е мошне битен политички став) ќе речел дека може само еднаш да се прогласи и толку. Уставот тоа така не го пропишува и го оставил да зависи, што е сосема логично од практичната политичка ситуација која ја предизвикала, во овој случај епидемијата се додека политичките чинители овластени со Устав одлучат за тоа да не ја продолжат повеќе. Тоа значи вонредната состојба може да трае најмногу 30 дена (но не само еднаш, единствено) и може да биде прогласувана повторно и повторно се додека не се отстранат причините за истата по процена на политичките и правно овластени органи, институции: Собранието или Претседателот. Толку и сосема јасно и стандардно во најголемиот број устави во компарација. Рокот определува дека по неговиот истек вонредната состојба по Устав престанува ако не се продолжи. Тоа е гаранцијата дека не може автоматски, подразбрано да се продолжува, туку го тера уставно овластениот орган да проценува дали се исполнети условите, загрозата која ја потребуваат. Ова затоа што вонредната состојба редуцира права и слободи и мора да биде исклучок, и ограничена.

Роковите не се jus cogens, не лупај! Јус когенс се користи во меѓународното задолжително право за легислативни договори во делот на нивното важење. Имено, тие поради својата фундаментална важност за меѓународната заедница важат и ги обврзуваат и страните, државите кои не ги потпишале.

Потоа подоле во текстот овој шампион вели дека претседателот Пендаровски ја прогласил вонредната состојба „единствено како правен механизам со цел да се одложат изборите“? Од каде сега ова? Образложението за вонредната состојба е сосема поинакво и јасно на сите освен на овој! Башка одлагањето на изборите го направи Владата со уредба со законска сила, а не Претседателот и за тоа постоеше општ партиски консензус.

А за прашањето дали Собранието може повторно да се состане, вели НЕ, бидејќи мандатите на пратениците престанале со самораспуштањето на истото. Каде бре тоа во Уставот си го прочитал? Уставот одредува дека мандатот на пратениците е 4 години (чл. 63) и трае до избор на нови пратеници (конклудентно старите примаат плата до тој момент). Тој поставува норма избори да се одржат после 60 дена од распуштањето. Ако не се случат, а правна празнина не може да има, дополнително вонредна состојба се ппрогласила – тогаш се поставува прашањето дали пратениците можат да го обноват распуштеното Собрание. ДА за тоа имаат мандати (не постои институт „го вратиле мандатот“ и правна празнина која би следела од тоа) и услов прогласена вонредна состојба. Ако пратениците можат да го продолжат истечениот мандат во случај на воена или вонредна состојба, а актер во правото „кој може повеќе, овластен е за тоа (член 63) може и помалку – имено пратеници кои можат да си го продолжат мандатот во вонредна состојба (можат повеке) можат и помалку да се вратат во Собранието и да ја обноват неговата работа. Самораспуштеното Собрание може да се врати во работа бидејќи пратениците го имаат мандатите сè уште во свои раце и имаат уставна основа за тоа во вонредната состојба.

Што да се каже пак за тезата дека Претседателот на тој безочен начин донел Деклараторна Одлука за прогласување на вонредната состојба со која го прекршил Уставот? Sie schon, колку прекрасно, толку многу контрoверзи и погрешни искази во една реченица, a сепак е кажано?

Имено терминот „деклараторна/о“ значи правно необврзна изјава содржана во акт Декларација, најчесто во меѓународното право но и во парламентите, која дефинира постоење на согласна волја на странките нешто да гледаат на некаков начин, како предвесник за идно можно правно регулирање. Деклараторна одлука е оксиморон. Одлука мора да биде правен акт кој засновува права и обврски или дефинира статус (така и се набројуваат во чл. 68) и само таков може да биде уставно релевантен или напаѓан пред Уставен суд. Деклараторна одлука не може да биде предмет на тужба. Од таму единствена латинска што ми доаѓа на ум за заокружување на ситуацијава е: Penis in aqua frigida quassatur!

Лицето фак-фејс и неговиот опишан опус претставува пример она што се нарекува булшитизација на стручниот и академски живот и продукција на јавни празни места или не-места, маски зад кои нема содржина и кои ја убиваат јавната дебата, делиберативноста и можноста нацијата да се развива развивајќи ја својата граѓанска интелегенција и нејзината кооперативна комуникација.

Љубомир Д. Фрчкоски

Извор: Народен глас

SHARE