Венко Филипче убедува: Ситуацијата е под контрола

Прочитај за: < 1 минута

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени.

Тој не смета дека одлуката за ставање на Скопје и неколку останати општини под карантин била лоша и дека истата била во целост издржана.

Филипче тврди дека 90 отсто од новозаболените се асимптоматски и дека кластерите се под контрола.

„15 кластери прават над 90 отсто од случаите. Има и спорадични случаи и не значи дека вирусот го нема надвор од кластери. Несомнено е дека имаме втор бран што е резултат на непочитувањето на мерките и препораките. Најголем број од случаите се асимпотомаски или со лесни симптоми, дури 90 проиценти, што значи дека вирулентноста слабее. Иако броката на заразени е висока, таа се шири во рамките на кластерите и на лицата во изолација“, рече Филипче, додавајќи дека во овие два дена Комисијата за заразни болести прави детални анализи.

SHARE