ЕРОЛ РИЗАОВ: Мораториумите во Центар и Карпош нанесоа огромни штети на домашната економија, стотици луѓе остануваат без работа, а градежништвото кое треба да е носител на развојот, особено во кризни ситуации, пропаѓа!
Загрижени и исплашени од третиот бран на пандемијата, од секојдневните апокалиптични бројки на починати и новозаболени, од катастрофалните последици во економијата, револтирани од најавите за „братските“ блокади на Бугарија на преговорите со ЕУ, во амбиент на песимизам и неизвесност како да се преживее, кога безмалку сите пишуваме и зборуваме за една те иста тема во милион варијанти, една вест ми го привлече вниманието: група домашни градежници и инвеститори, десетина приватни компании, сакаат да вложат во две скопски општини над милијарда евра свои пари во изградба на современи станбени и деловни објекти!?
Во наездата на лажни вести и партиски пропаганди прво што помислив е дека се работи за нова ујдурма, тазе новинарска патка, какви што се изначитавме и изнаслушавме во годините на „изградба“ на потемкиновите села и скопски чуда кога државата беше главен инвеститор со наши пари на „белите слонови“, синоним на промашени инвестиции, во слава на власта во предизборните битки и во потрага по пославно античко минато.
Тогаш, заразени од антикоманија и спомненикоманија, се уште неизлечена, се фрлија близу милијарда евра буџетски пари во фалшив барок и рококо, во со векови задоцнета балканска ренесанса, небаре сме империјална царштина.
За повеќе на овој линк