Емел Рамковска во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за тоа како изгледа мајчинството од затвор. Вели дека на дететото морале да му кажуваат разни формулации за тоа каде е мајка му.
-Ништо што можеш да кажеш на едно дете, не трае 2,5 години. Првото беше пасош изгубен, па потоа на пат сум, но таа приказна не можеш да ја одржуваш толку години, рече Рамковска.
Од дента на победата на СДСМ на избори, вели Рамковска, ние слушаме дека ќе има рефроми во правосудството.
-Сега веќе не гледам причини зошто правдата да не дојде, претоходниве години имаше разно политчки причини. Така себеси си овозможувам да верувам. На моменти ќе се сетам на својата наивност кога излегов од Идризово во 2016 и верував дека одеднаш се ќе исчезне, сите последици од режимот. Но, ќе ни треба време, можеби уште десетина година. Време е, мислам дека без правда за нас не може да има реформа, вели Рамковска.
Емел Рамковска е ќерка на сопственикот на поранешната А1 телевизија, Велија Рамковски, која во судскиот процес „Пајажина“ беше осудена и одлежа шест години во затвор. Пресудата беше донесена и обвинетите беа уапсени додека на чело на МВР беше поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Минатата недела на Јутјуб каналот Fenix A1 беа објавени две нови „бомби“, во кои станува збор за телефонски разговори поврзани со затворањето на А1 Телевизија.
Во првата „бомба“ се слуша разговор за кој објавата на Јутјуб каналот тврди дека се води помеѓу тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а во разговорот на интерфон учествува наводно и тогашниот обвинител Љупчо Шврговски.
Втората „бомба“ открива разговор наводно помеѓу Драган Павловиќ Латас и тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски.
Гласот кој во снимката е наводно на Никола Груевски ја бара Гордана Јанкуловска за да ја праша зошто не се одземени пари од сметката на А1 Тв.