Единствена Македонија ја поздравува агилноста на Зоран Заев да ги прикажува во јавноста состојбите во земјата според свое наоѓање преку исцрпно одговарање на пратенички прашања во Собранието, а синоќа на Македонската телевизија и преку одговарање на прашања од уредници на медиуми во земјата.
Затоа, Единствена Македонија силно го охрабрува Заев сега да определи термин да одговара на прашања и од вонпарламентарните партии.
Веруваме Заев ќе се сложи дека сето ова е во функција на натамошно усовршување на демократијата дотолку повеќе што и вонпарламентарните партии се активни чинители во политичкиот живот и носат одговорност за состојбите во земјатам заради што е потребно пренесување на барањата и на гласачите на вонпарламентарните партии преку поставување на прашања до Заев.
Зоран Заев нема зошто да се плаши и вонпарламентарните партии да му поставуваат прашања, се разбира, доколку навистина е определен да работи чесно и искрено во интерес на народот.
Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија
[…] Македонски весник […]
Comments are closed.