Единствена Македонија: 30 септември, Денот на референдумската победа, ден кога покажавме што мисли народот за предавничкиот договор за името

Прочитај за: < 1 минута

„Македонија Бојкотира“ синоќа со народен собир во паркот спроти македонското Собрание ја одбележа двегодишнината од референдумот на кој македонскиот народ и државјаните на Република Македонија и покажаа на власта што мислат за евроинтеграциите на Македонија и предавничкиот договор со Грција.

Но власта ја погази референдумската волја на народот и насилно ја внесе државата во НАТО со бришење на вековното македонско име.

Под мотото „Не се откажуваме – Битката за Македонија продолжува“ на видео бим беше прикажан документарен филм за големата референдумска победа на 30 септември 2018 година.

Да потсетиме дека националниот блок „Македонија – Бојкотира“ во кој своевремено се здружија 84 организации – партијата Единствена Македонија и 83 македонски здруженија од земјата и странство водеше кампања за бојкот на референдумот.

Референдумската победа е извојувана затоа што наспроти силата и парите на марионетската власт и нејзините странски ментори стоеше најсилниот и нескршлив аргумент: македонскиот народ и поголем дел од државјаните не сакаат членство во НАТО и промена на светото македонско име.

30 септември 2018 година има свое формално – правно значење доколку било која идна власт поведе постапката за поништување на договорот со Грција кој е спротивен на меѓународното право и со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија

SHARE