Единствена Македонија ја поздравува идејата на заменик-претседателот на Собранието на Бугарија Веселин Марешки за формирање заедничка голема држава. Но, единствениот пат до тоа е да се освои Солун како главен град на идната голема држава и затоа го повикуваме Марешки да тргнеме да се биеме за Солун.
Само така ќе го оствариме вековниот сон за голема држава на сите Македонци од етничка Македонија од која пиринскиот и беломорскиот дел и понатаму се окупирани од Грција и Бугарија. На тој начин, во новата заедничка држава ќе се најдат и македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата и сега се главниот проблем меѓу Бугарија и Македонија. Исто така, со новата голема држава јасно ќе се разграничат Бугарите за кои цел свет знае дека влечат корени од татарско-монголското потекло.
Во однос на функциите што ги предлага Марешки во идната голема држава нека не се сеќира, лесно ќе дојдеме до тоа, а за почеток, еве првиот кмет на Солун ќе биде првиот македонски јаничар од типот на Захариева, Каракачанов, Ковачев… кој се осознал и вратил на своите изворни македонски корени.
Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија
[…] Македонски весник […]
Comments are closed.