Канал 5 телевизија, пред две недели упати покани до лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Мицкоски, за прво предизборно соочување „Дуел за вистината“, во живо на 28 февруари .
Христијан Мицкоски ја прифати поканата од Канал 5, очекуваме потврда и од Зоран Заев
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска преку својата ФБ страница соопшти дека со задоволство ја прифаќа поканата.
-Не бегам од соочување и не бегам од вистината, а Заев е тој кој е должен да одговори и да се соочи со фактите кои се одраз на вистината. За мене принципите и вредностите се тие кои треба да го движат општеството, а нема вистина без принципи. А народот ја чека вистината на повеќе прашања, напиша Мицкоски..
Поканата во ист ден беше испратена и до лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и очекуваме потврда во најскоро време.
Ова соочување, ќе биде прво по минатогодишниот „Дуел на деценијата“. Планирано е да трае 120 минути, а освен одговорите на прашањата, лидерите ќе имаат можност и за реплики и контрареплики. Ќе се дебатира на сите актуелни теми од домашната и надворешната политика, а посебен фокус ќе биде ставен на економијата и изборните програми.