Димовски: Артан, не треба субвенции за вработување, зошто со ваков хаос во образованието секако сите нови генерации ќе избегаат да работат градежништво низ Австрија и Италија

Прочитај за: 2 минути

Артан, не треба субвенции за вработување, зошто со ваков хаос во образованието секако сите нови генерации ќе избегаат да работат градежништво низ Австрија и Италија…, пишува поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на неговиот профил на Фејсбук.

„Тотално сме на дното!”

После здравствениот систем, ни колабира и образовниот…

Република Македонија е последна држава која ќе го започне својот образовен циклус и училишна година…

Погледнете ги датумите кога веќе започна училишната година во земјите од регионот:

– Хрватска 07.09.2020 година;

– Србија 01.09.2020 година;

– Бугарија 15.09.2020 година;

– Косово 14.09.2020 година;

– Албанија 14.09.2020 година;

– Грција 07.09.2020 година (порано од вообичаено за да се надополни изгубеното);

– Босна и Херцеговина 01.09./07.09.2020 година;

– Словенија 01.09.2020 година;

– Турција 31.08.2020 година (три недели порано од вообичаено);

– Романија 14.09.2020 година.

Што треба да се преземе:

Одговорност на сите од Министерството за образование и образовните институции што не преземале мерки за навремено започнување на училишната година;

Да му се предложи на премиерот Зоран Заев, кога веќе министерот нема никакво познавање и искуство од образовниот систем, барем заменик министерот што ќе го предложи да има стручно искуство и познавање од областа на образованието;

Итна собраниска седница со една точка на дневен ред: Состојбите во образованието, причините зошто не започна училишната година и предлог мерки за средување на хаосот во образованието;

Формирање на национално координативно тело (борд) за образование, составено од сите универзитети, синдикати и организации од областа на образованието, со поддршка на сите парламентарни партии, за превземање на сите неопходни мерки за средување на хаосот во образованието;

Одговорност за катастрофално ниското ниво на искористеност на средствата за капитални инвестиции од Буџетот оваа година (околу 35%) до сега, но и сите минати години;

Набавка на компјутер за секое дете (барем за оние од сиромашни и социјално загрозени семејства) и брза припрема на платформи за онлајн настава;

Посебна програма за одвивање на нормална настава на високо-образовните институции;

Посебна програма за целосно интегрирање на учениците и студентите кои имаат статус на лица со посебни потреби.

Власта е неспособна, опозицијата мора да покаже иницијатива, се работи за иднината на децата и државата!“, пишува Димовски.

SHARE