„После ова барем изненадување не треба да има за тие што ги гледаат односите во нашата земја и однесувањето на З.З“, вели за Курир, поранешната шефица на Антикорупциската комисија и поранешен главен и одговорен уредник на МРТ, Мирјана Димовска, по вчерашната аудио бомба што ја објави Антонио Милошпоски со која, според нбего, се открива спрега помеѓу Врховниот суд, Катица Јанева како и Зоран Заев.
Какви уставни принципи за рамноправност на власт, какво владеење на право, каква Европа конечно со која цело време се фали и трча низ сите можни што нешто значат во Европа, затоа што ова е врв на кршење на Уставот на сите можни правни принципи.
Димовска вели дека оние што подлегнале на таквото негово сценарио и валкано однесување во континуитет, нека ги искинат своите дипломи.
Но таа е и зачудена:
„Во целава оваа ситуација јас имам едно сериозно прашање, не по прв пат, лицето Љубомир Јовевски што работи во оваа земја? Се чувствува ли повикан? Се чувствува ли повикан за очигледно признание за кршење на сите можни уставни и законски принципи“, вели Димовска за Курир.