Во историската меморија на македонскиот народ, бугарскиот водач Георги Димитров останува запаметен со говорот кој го одржа во бугарското народно собрание по Втората светска војна. Во свеченото обраќање Димитров истакна: „Во интерес на процесот на зближување и идното обединување на македонските области од двете страни, нашата партија се согласи да се воведе како задолжителен предмет официјалниот македонски јазик во пиринскиот крај. И допушти како учители, македонски учители од Скопје, како и македонски библиотекари за да ја распространуваат литературата на македонски јазик. Тоа беше доказ дека нашата партија се однесува со најголема симпатија кон обединувањето на македонскиот народ.“
Но Георги Димитров не сопрел тука. Под неговото водство, Бугарија официјално го признава постоењето на македонската нација и македонскиот јазик. Во декември 1946 година се спроведува попис во Пиринска Македонија и на Македонците им се дозволува да се изјаснат и да се запишат како Македонци. Во текот на овој попис од вкупно 252.908 жители на Пиринска Македонија 160.541 лица се идентификуваа како етнички Македонци, а 9.000 лица како Македонци во останатиот дел на Бугарија.
Денешната бугарска историографија Димитровите ставови ги поврзува со резолуцијата на Коминетрната од 1934 година и напорите за создавање на Балканска Федерација. Но Георги Димитров произлегува од бугарска социјалистичка средина која секогаш на Македонија и Македонците гледаа со симпатии и давала подршка за решавање на македонското прашање во полза на Македонците. Постојат повеќе сведоштва за погледите на бугарските левичари за Македонците.
Повеќе >> www.novamakedonija.com.mk