Државната изборна комисија го поништи гласањето на избирачкото место 2564 во Ѓорче Петров, бидејќи во кутијата имало 3 ливчиња повеќе, а од кочанот недостасувале дополнителни две.
Од 405 евидентирани гласачи, на ова избирачко место имало 408 гласачки ливчиња.
Прегласување на ова избирачко место нема да има, бидејќи бројот на гласови не може да влијае на исходот од првиот круг.
Избирачкиот одбор на ова избирачко место е разрешен и за нив ќе биде покрената дисциплинска постапка. ДИК ги разреши и членовите на избирачкиот одбор од избирачкото место 0006 во општина Берово, каде членовите на одборот пропуштиле да утврдат идентитет на гласач, па така наместо болно и изнемоштено лице гласал човек со исто име и презиме како неговото.
Според првичните официјални резултати на Државната изборна комисија, за Стево Пендаровски гласаа 323 628 лица додека пак за Гордана Силјановска Давкова гласаа 319 081 лица. Блерим Река освои 79.910 гласа. Бројот на неважечки ливчиња е 32.801 или 4,34 отсто.
Од вчера почна да тече 48 часовниот рок за приговори.
(новатв.мк)