Новинарот Сашо Денесовски на порталот Охридскај пишува интересна вест, која буквално ја крена целата македонска јавност на нозе. „Никола Груевски стои зад креирањето на „Рекет“ односно зад Катица Јанева и Боки 13“.
За оваа изјава коментар даде и Бранко Героски, кој прв ја откри оваа афера, а истото подоцна го направи и Јорданка Ивановска – Јоци, при што имаше и препукување на социјалните мрежи меѓу двајцата новинари.
Во продолжение ќе ви пренесеме дел од текстот од Охридскај.
„РЕКЕТ“ Е ЕДНА ОД АЛАТКИТЕ НА КРИМИНАЛНОТО МИЛИЕ ДА ГО ВРАТАТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВО МАКЕДОНИЈА КАКО КРАЛ НА ЗАБЕГАНИТЕ.
Вистината и одговорот за тоа кој и за која цел ја создал операцијата „Рекет“ , одговорот треба да се бара директно кај азилантот Никола Тало Груевски. Одоговорот го има оној неизлечив осветолубив монструм , азилант кој се повикува на некаква си презјумција на невиност , оној кој никако не може да си ја докаже својата невиност ,тука во неговата држава ,која 12 години ја опустоши, но не испушта прилика преку социјалните мрежи да си го пери својот балкан образ, да си ја пери својата зла душа ,за тоа како ништо не било вистинаи, тука тој е во право , зошто единсствена вистина е таа ,дека цели 12 години со Македонија владеел Монструм со сателити монструмчина околу него.
„РЕКЕТ “ ЕДНА ОД БИТКИТЕ ДА СЕ ВРАТИ МОНСТРУМОТ ГРУЕВСКИ НА КРАЛСАКА ФОТЕЉА.
Операцијата која директно од Будимпешта ја спроведува Никола Груевски , по секоја цена да се оцрни Зоран Заев и СДСМ , преставува само уште една од едночинките на Никола Груевски,кој има јасно дефинирана цел,а таа е негов повраток ,во за него замисленото негово „Кралство“,во кое тој вложи свои 12 години во подигање на Обилиск , по примерот на оној Антички обелиск кој бил истакнат во архитектурата на старите Египјани, кои ги поставувале во парови пред влезот во храмовите,така по тој стил и забеганоста на Груевски одела до таа мера , што тргнал во поход од Македонија создаде Кралство на Никола Тало I Крушодари Македонски.
За да ја оствари својата цел Груевски мора да создаде тим од негови поддржувачи , забегани како него , настрани како него или побетер од него , лица со кој може лесно да се манипулира ,како и лица кој веќе имаат зад себе подебели манипулаторско досие . Ништо не е случајно , доколку добро се знае ,дека и за време на своето владеење Груевски беше опкружен со ноторни манипулатори,кој имале еден заеднички идол од минатото со Груевски ,а тоа бил нацистот Херман Вилхелм Геринг.
Груевски има фамилијарни добри конекции со српските националисти ,како и со српските служби.историски гледано и по татко Тало ,а и по мајка Надежда , фамилијарно секогаш биле определени кон северниот сосед.Повеќето контакти Груевски ги виспоставува уште како советник за економски прашања во владата на Р.Србија , но голем број на контакти со српското подземје и со српските агенти ги прави преку неговиот братучед Саша Мијалков. Груевски има тесни релации со Александар Вучиќ , но поголеми контакти има со неговиот брат ,кој всушност е и некрунисаниот балкански ДОН Андреја Вучиќ.Тука секако е и сопственикот на компанијата „Пинк“ Жељко Митровиќ,кој заедно со Алесандар и Андреја Вучиќ,создадоа Содома и Гомора на балканот.Никако не може да се одмине ниту контраверзниот бизнисмен ,попатно главниот Руски Резидент на балканот Самсоненко,кој по иницијаатива на браќата Вучиќ и Виктор Орбан го организзираа бегството на Никола Груевски. Доколку некој се уште е ноторна будала и се надева ,дека будалетинката Боки 13 ,преставува мозок на операцијата „Рекет“ , тогаш таквите веднаш да си посетат соодветна здравствена институција.
КАМЧЕВ И ОСТАНАТИ ЗАБЕГАНИ ИМААТ ЦЕЛ ДА ГО ВРАТАТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ НА ВЛАСТ.
Некогаш заменик Основен Јавен Обвинител во ОЈО Гевгелија, потоа Специјална Јавна Обвинителка Катица Јанева ,сега обвинета во случајот „Рекет“Катица Јанева , преставува уште една криминална фигура на „преродбата“ на Никола Груевски.Оштрите „пера“кој патем се дебело потплатени , никако не сакаат да обзнанат дека всушност Катица Јанева ,беше единствен предлог на Никола Груевски за да се создаде Специјалното јавно обвинителство,кој мораше да биде прифатен од страна на СДСМ и другите политички актери на Пржинскиот договор.Од предлогот Јанева да биде специјален јавен обвинител Груевски не попуштал, но со Јанева го поврзувале многу криминални дејствија од минатото.Она што се чути од неразбирливи причини ,преставува фактот ,дека сега покојниот сопруг на Катица јанева во 2010 година е фатен во голем шверц на егзотични животни во вредност од над 20.000.000 евра ,кој преку Србија требало да завршат на пазарот во Западна Европа.Исто така малку се знае , а уште помалку се пишувало дека за ваквото нешто отворен бил предмет во ЈО гевгелија , кој предмет никаде го нема сега ,а но ги снема тогаш преку ноќ и запленетите егзотични животни ,кој веќе наредниот ден со посебен транспорт биле предадени во Београд.Наредбата за да се ослободи сопругот на Јанева и запленетите животни доваѓа директно од врвот на владата , поточно директно од Никола Груевски,кој во времето кога ја издавал наредбата во неговиот кабинет друштво му правел српскиот државјанин Андреја Вучиќ.Обезбедување на транспортот на егзотичните животни до граничниот премин „Табановце“ лично му бил доверен на Зоран Милевски_Кичеец и на уште две бараби со потекло од Охрид ,кој патем биле управители на сите фирми на Орце Камчев,во јавноста попознати како “Грунци“.Камчев преставува само еден од ликовите губитници ,кој исто како и Никола Груевски и останати криминални структури , воопшто не му одговора правна држава , навикнати да бидат господари на све и сешто, навикнати на лагодност , разврат и блуд ,одеднаш постанаа обични смртници ,кој не можат да ги остваруваат своите походи Македонија и понатаму да биде меѓународна перилница на пари, да биде една од главните рути во трговијата со наркотици,на нив им беше потребна Ничија земја со самопрогласен забеган Крал од типот на Груевски ,за да и понатаму си ги остваруваат своите настрани сништа.
Во ниту една нормална држава ниту смее ,а уште помалку може ,странски безбедносно криминални служби ,да вршат поставување на прислушно аудио-видео опрема , да мешетарат по други земји, тоа преставува тешко кривично дело предвидено во првата глава на ЗКП-Рушење на уставен поредок и, за таквото дело Орце Камчев и другите актери во „Рекет“ ќе мора да одговораат,Рускоска ќе мора да поднесе соодветно обвинение и ниту во еден случај кривичното дело „Поткуп“ не може да дава статус на оштетено лице на Орце Камчев.